Спорт
Џиро: Конти ја презеде розовата маичка по шестата етапа
Валерио Конти е нов сензационален лидер на Џиро Диталија по победата на Фаусто Маснада на шестата етапа, а успешниот обид за соло трка значеше дека имаме нов лидер по шест дена тркање.
Досегашниот лидер Примож Роглич падна уште на стартот на етапата по што тимот на Словенецот, Џамбо-Висма, реши да не ризикува и да го намали темпото за да се задржат ривалите за победа во генерален пласман дозволувајќи другите да тргнат по победа на етапата во централна Италија.
Италијанското дуо Конти и Маснада потоа работеа заедно за да се одвојат од главната група на најголемото искачување на етапата за прва домашна победа на 102. издание на Џиро. Маснада (Андрони Џакатоли) стигна до својата прва победа на големите трки со пет секунди пред Конти (УАЕ-тим Емирати).
Конти сега има 1:41 предност пред сонародникот Џовани Карбони (Бардијани-ЦСФ), кој беше петти во етапата и сега е носител на белата маичка како најдобар млад велосипедист. Роглич на крајот падна на 11. место во генералниот пласман со 5:24 заостанување зад Конти, но со задржана предност од 35 секунди пред неговиот најголем ривал за победа во генералниот пласман, Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот).
Giornata indimenticabile per Fausto Masnada e Valerio Conti: rivivi il loro arrivo a San Giovanni Rotondo ???#EurosportCICLISMO | #Giro | https://t.co/yeuDfRYfGo pic.twitter.com/kxb4LrnAIf
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) May 16, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

