Спорт
Џордан му одговори на Морант: Дете, покажи ми што знаеш

Мајкл Џордан експресно му одговори на бекот на Мемфис Грзилис Џа Морант. Младиот бек изјави дека би го „зготвил“ Џордан во игра еден на еден.
Терминот „готвење“ во кошаркарскиот сленг значи дека играчот може да постигнува поени кога сака преку противникот што му игра одбрана.
Морент истакна дека жали што не играл во ерата во која играл Џордан.
„Во мојата трета сезона имав просек од 37 поени и следната сезона го освоив првиот од петте МВП трофеи. Покажи ми што знаеш, дете, и престани да твиташ“, изјави Џордан за „Central“.
Морент минатата сезона имаше просек од 27,4 поени со , седум асистенции и 5,7 скока.
Беше учесник на Ол-стар натпреварот, беше избран во втората најдобра петорка во лигата и ја доби наградата за играч кој најмногу напредувал.
Тој е во НБА од 2019 година, кога Мемфис го избра како втор пик на драфтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотална промена во ждрепката за Лига Европа и Конференциската лига

Ждрепката за групните фази на Лигата на Европа и Лигата на Конференции ќе се одржи на една церемонија, а тоа носи голема промена во самиот процес. Наместо традиционалното извлекување со топчиња, распоредот ќе биде одреден со софтвер.
На сцената ќе се употреби само едно копче. Ќе се притиска на самиот почеток на обете извлекувања, што ќе активира програма која случајно ги одредува противниците и редоследот на домашните и гостинските натпревари.
Откако софтверот ќе ги обработи сите податоци, распоредот ќе биде објавен постепено.
Церемониите за извлекување започнуваат во петок, 29 август, во 13 часот по средноевропско време. Ќе биде извлечена и Шкендија, доколку го помине Лудогорец ќе биде во ждрепката за Лигата на Европа, во спротивно македонскиот првак оди во Конференциската лига.
Спорт
Реал Мадрид издвојува најмногу за плати од сите клубови во Европа

Реал Мадрид и во новата сезона 2025/2026 го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал. Според податоците на специјализираните страници „Betideas“ и „Capology“, просечната годишна плата на играчите на „кралскиот клуб“ е 11,2 милиони евра.
Оваа бројка е дури за 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти. Интересно е што ова е сепак мало намалување во споредба со минатата сезона, кога просекот беше малку повеќе од 12 милиони евра.
Далеку зад Реал Мадрид е нивниот најголем ривал, Барселона, чии играчи заработуваат просечно 7,91 милиони евра годишно. Каталонците исто така забележаа пад, со оглед на тоа што минатата сезона просекот беше 8,5 милиони евра.
Третото место на рангирањето го зазема Манчестер сити со просечна плата од 7,43 милиони евра. Сепак, за разлика од шпанските гиганти, англискиот клуб ја зголеми својата сметка за плати за повеќе од еден милион евра во споредба со претходната сезона.
По водечкото трио следува Баерн Минхен со 7,38 милиони евра, потоа Пари Сен Жермен и Арсенал, кои издвојуваат околу 7 милиони евра за просечна плата.
Клубови со највисоки просечни бруто плати во светот
1. Реал Мадрид – 11,2 милиони евра
2. Барселона – 7,9 милиони евра
3. Манчестер Сити – 7,43 милиони евра
4. Баерн Минхен – 7,38 милиони евра
5. ПСЖ и Арсенал – 7 милиони евра
6. Ливерпул и Манчестер Јунајтед – 6 милиони евра
7. Челзи и Тотенхем – 4,5 милиони евра
Foto/ EPA/J.L. Cereijido
Спорт
Нико Ковач го продолжи договорот со Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го продолжи договорот со „милионерите“ до јуни 2027 година, објави германскиот клуб.
„Нико целосно се посвети на својата улога во Дортмунд. Тој многу добро го познава фудбалот, има јасни принципи, е искрен и директен во комуникацијата и наградува добра работа“, изјави Ларс Рикен, спортски директор на Дортмунд.
Ковач, кој претходно освои трофеи со Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт, го презеде тимот во февруари кога беа 11-ти на табелата во Бундеслигата, по лошиот почеток под водство на Нури Сахин.
Под негово водство, тимот стана многу постабилен и ја заврши сезоната на четвртото место, со што ја обезбеди Лигата на шампионите.
Медиумите известуваат дека клубот преговара со Челзи за потпишување на договорот со аргентинскиот стопер Арон Анселмино, со цел зајакнување на одбраната.
„Веруваме дека тука, заедно со клубот и навивачите, можеме да постигнеме нешто посебно. Нашите разговори во последните недели го зајакнаа моето верување дека можеме да изградиме долгорочен успех врз основа на досегашните резултати и да ја вратиме Борусија таму каде што припаѓа“, изјави 53-годишниот Ковач.