Спорт
До пред четири години беше ѕидар, а синоќа дебитираше за Италија

Англија и Италија одиграа без голови на синоќешниот дуел во Лигата на нации, а во селекцијата на „аѕурите“ дебитираше новиот стопер на Јувентус, Федерико Гати.
Интересно е дека до пред четири години, 23-годишниот дефанзивец кој пристигна од Фросиноне беше со километри оддалечен од сериозниот фудбал. Работел како ѕидар и столар, а кога ќе му дозволело времето продавал и производи на пазар. Викендите играл за Вербанија во петтата италијанска лига, но се покажал, па во 2020 година се пресели во третата лига во тимот на Про Патрија.
И токму таму животот на Гати доби сосема поинаков правец. Во Про Патрија беше меѓу најдобрите дефанзивци во лигата, минатото лето го купи Фросиноне од Серија Б за 150.000 евра.
Гати и таму одигра одлично, а Фросиноне остана без плеј-оф за Серија А поради полош сооднос со Перуџа. Но, Гати наредната сезона ќе игра во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал, во редовите на Јувентус, со оглед дека Џорџо Кјелини замина, па би можел да има место дури во стартниот состав.
Во пресрет на Лигата на нации, тој доби покана од Роберт Манчини, кој му даде шанса за настап во дресот на „аѕурите“ против Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Србите со драма против Австралија, Хрватска и Шпанија убедливи

Иако повторно, исто како во првото коло против САД, српските ватерполисти не беа убедливи, стигнаа до драматична 6:5 победа над Австралија со што се на чекор до пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Будимешта.
Србите, секако, беа големи фаворити против Австралија, но наидоа на опасен противник, кој ги заддржи на 1:1 по првата четвртина и на 3:3 на полувреме. Во првите 16 минути игра, Србија даде само 3 гола од 14 напади, пред Никола Лукиќ со голот на минута и пол до крај да обезбеди победа.
Хрватска, пак, по стартното реми со Грција, не дозволи изненадување и со 13:9 ја совлада Германија, која сега има два порази по сензационалниот пораз од Јапонија. Шпанија, пак, покажа дека на СП има огромна разлика помеѓу европските и другите репрезентации со доминантна 28:2 победа над Јужна Африка.
СП ВАТЕРПОЛО – БУДИМПЕШТА
ГРУПА А
Грузија – Црна Гора 19.30 ч.
Унгарија – Бразил 21.30 ч.
ГРУПА Б
Хрватска – Германија 13:9 (4:1, 4:1, 2:2, 3:5)
Јапонија – Грција 19.30 ч.
ГРУПА Ц
Шпанија – Јужна Африка 28:2 (7:1, 7:0, 6:1, 8:0)
Италија – Канада 19.30 ч.
ГРУПА Д
Србија – Австралија 6:5 (1:1, 2:2, 2:2, 1:0)
Казахстан – САД 19.30 ч.
Спорт
Германија дозволи трансродовите фудбалери да бираат дали ќе играат во машка или женска конуренција

Германската фудбалска федерација (ДФБ) објави дека трансродовите и не-бинарните фудбалери во Германија ќе можат да бираат дали ќе играат во машки или во женски тимови, во одлука која се однесува за аматерскиот и јуниорскиот фудбал, но и за футсалот.
Одлуката доаѓа откако Светската пливачка федерација (ФИНА) им забрани на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска конкуренција доколку го поминале пубертетот, а слични одлуки најавија и Светската атлетика, но и Светската фубалска федерација (ФИФА).
Претходно, во Германија, полот утврден на личните документи го одредуваше тимот во кој можеа да играат трансродовите фудбалери, иако од 2018 година во личните документи постоеше опција за „различно“ и „не-утврдено“ во одделот за пол.
Спорт
Мадрид официјално побара Формула 1 трка

Регионалната власт на шпанската престолнина Мадрид, со официјално писмо до претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали побараа градот да добие Формула 1 трка во иднина.
Шпанското ГП се оддржувана патеката „Каталуња“ покрај Барселона од 1991 година, но нивниот договор истекува во 2026 година. Предлогот може да предизвика интерес во Ф1 откако трката во Барселона оваа сезона беше одбележана со проблеми со инфраструктурата – илјадниците фанови чекаа со часови да ја напуштат патеката.
„Мадрид нуди голем спортски и забавен спектакл. Ми претставува задоволство да ви пишам во име на владата на Заедницата на Мадрид за да го искажам нашиот интерес за Формула 1 ГП во Мадрид. Нашиот регион има фантастичен економски и социјален развој во последните неколку години и стануваме престижна дестинација“, се вели во писмото на општината.
🏎️ La Comunidad de Madrid se ofrece para albergar un próximo Gran Premio de @F1.
📩 El consejero @Enrique_L_Lopez ha enviado una carta a Stéfano Domenicali, destacando el interés del Gobierno autonómico y el prestigio de las pruebas deportivas que se desarrollan en la región. pic.twitter.com/qEE1KmvQbp
— Comunidad de Madrid (@ComunidadMadrid) June 23, 2022