Спорт
Спанулис ќе биде тренер на Перистери?

Легендарниот грчки кошаркар и едно од најголемите имиња во европската кошарка во овој век, Василис Спанулис, се наоѓа пред почеток на тренерска кариера.
Перистери е заинтересиран да го види Спанулис на клупата, но и Спанулис има свои барања. Тој од раководството бара буџет од најмалку 1,5 милиони евра за платите во тимот, за да може да оформи состав по сопствен вкус.
Спанулис има понуда и од Промитеас, но таа останува во втор план, затоа што тој сака да остане блиску до неговиот дом во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) На шампионот не му оди – Осимен утна пенал, само поен против Болоња

За разлика од минатата сезона, кога ги „газеа“ своите противници, на актуелниот шампион Наполи не му оди најдобро на стартот на новата сезона, одигрувајќи само 0:0 на гостувањето кај Болоња.
Ова е трет меч едноподруго во кој тимот на Руди Гарсија не победува, а уште повеќе разочарува неефикасноста на напаѓачите. Виктор Осимен имаше најдобра шанса да ги донесе гостите во водство во 72. минута од мечот кога беше досуден, но тој беше непрецизен.
Македонскиот ас, Елиф Елмас доби шанса во 76. минута кога го замени слабиот Квича Кварацхелија, но ниту тој не успеа да помогне да се стигне до победа.
Bologna Napoli ends in a goalless draw. This missed penalty from Victor Osimhen was the closest the Partenopei came to breaking the deadlock. ❌#BolognaNapoli pic.twitter.com/9ozQ1moEso
— $ (@samirsynthesis) September 24, 2023
Спорт
(Видео) Њукасл го „масакрираше“ Шефилд јунајтед со осум „парчиња“

И пред стартот на сезоната, Шефилд јунајтед беа меѓу првите кандидати за експресно враќање во Чемпионшип, но ниту нивните најлути ривали не очекуваа „блејдс“ да доживеат вистински потоп против Њукасл јунајтед, губејќи со 0:8 на „Брамал лејн“.
Гостите победата ја осигураа во период од 15 минути во првото полувреме со головите на Шон Лонгстаф (22.), Ден Брн (31.) и Свен Ботман (35.), но судбината на тимот на Пол Хекингботам изгледаше очајно во второто полувреме. Калам Вилсон (56.), Ентони Гордон (61.), Мигуел Алмирон (68.), Бруно Гимараеш (73.) и Александер Исак (87.) го декласираа домаќинот.
Ова е трета победа во шест кола за Њукасл (со што се израмнети со Манчестер јунајтед), додека Шефилд се на последното место со 1 поен, колку што имаат и другите два нови премиерлигаши, Барнли и Лутон.
Спорт
Два гола и една асистенција за Миовски во шкотската Премиерлига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да „тресе“ за Абердин во шкотската Премиерлига, откако го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти со два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.
Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.
Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.
BM 9⃣ is our Halliburton Man of the Match 🔥#StandFree pic.twitter.com/9aCeLOquVN
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) September 24, 2023
Aberdeen are in cruise control at Pittodrie! 🎯
⏱️ 48' Jamie McGrath nets the third
⏱️ 52' Bojan Miovski makes it four#BBCFootball pic.twitter.com/hsExGMEQue— BBC Sport Scotland (@BBCSportScot) September 24, 2023