Спорт
Дојде како огромно засилување, а ќе го напушти Челси по само шест месеци

Украинскиот фудбалер Михаило Мудрик дојде во Челси како сензационално засилување пред шест месеци, но би можел да си замине по завршувањето на сезоната. Клубот од „Стемфорд бриџ“ плати огромни пари за него, но тој речиси и да не покажа ништо од својот потенцијал во вториот дел од сезоната во Премиерлигата.
Во Челси веќе размислуваат да го продадат и тоа може да се случи ова лето.
Лондонскиот клуб го ангажираше Михаило Мудрик за сума од 70 милиони евра во јануарскиот преоден рок. Играчот беше желба и на Арсенал, но раководството на Челси не штедеше средства да го доведе. Сепак, сега анализирајќи го неговиот ефект, размислуваат за експресна продажба.
Мудрик започна само шест првенствени натпревари како стартер во Челси од јануари и имаше еден настап во Лигата на шампионите. Нема постигнато ниту еден гол, а забележа две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонските борци во финалето на MFC 21 во Црна Гора – Марко Трајановски и Вања Гавриловски

Шанса за уште две златни медали за Македонија!
Двајцата претставници од Македонија, Марко Трајановски и Вања Гавриловски, се пласираа во финалето на MFC 21 (Montenegro Fighting Championship), кое ќе се одржи на 6 април 2025 година во Бар, Црна Гора.
По доминантната победа на Марко Трајановски против претставникот на Австрија, Франческо Батистата, тој ќе се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 кг. Од друга страна, Вања Гавриловски ќе влезе во октагонот против Урош Вучиниќ, исто така од Црна Гора, во категорија до 70.3 кг.
Финалните борби ќе се пренесуваат во живо на Adriatic Sport Live TV, со почеток од 19:00 часот.
Спорт
Мурињо суспендиран на три натпревари

Дисциплинската комисија на турскиот фудбалски сојуз го казни тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.
По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1:2 во четврт-финалето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот колегата од спротивниот табор Окан Бурук, што беше окарактеризирано како напад.
Порадит тоа, Португалецот беше суспендиран за следните три првенствени натпревари.
Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија на домашен терен од Галатасарај, во првенството беше 3:1.
Спорт
Мастер клас на Ферстапен – Холанѓанецот победи во Јапонија

Макс Фератспан победи на трката за Големата награда на Јапонија. На култната патека во Сузука, актуелниот светски првак победи пред возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Третата трка во шампионатот на Формула 1 не донесе апсолутно никакви возбудувања. Ферстапен со победа го комплетираше успешниот викенд и ја запиша првата победа во сезоната.
Податок кој најдобро отсликува дека трката беше здодевна е тоа што во првите десет, во однос на стартото имаше само една промена на позиции. Луис Хамилтон заврши седми, а Исак Хаџар осми.
Најактивни во ткот на трката беа возачите на Вилија, Алекс Албон и Карлос Саинц кои имаа неколку преткнувања.
Ферстапен победи пред Норис и Пјастри, а зад нив завршија Парл Лекелр на Ферари, возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели, следуваа споменатите Хамилтон и Хаџар, односно Алекс Албон и Оливер Бернман.
Сезоната во Формула 1 продолжува наредниот викенд со трката за Големата награда на Бахреин.