Спорт
„Доколку не беше Србин, Ѓоковиќ ќе имаше статуа во секој град“
Минатата недела Новак Ѓоковиќ го збриша Данил Медведев во финалето на Ју-ес опен и ја освои својата 24. Грен слем титула. И покрај сите негови достигнувања многумина се уште спорат дека тој е најдобар на сите времиња.
Марион Бартоли, поранешната победничка на Вимблдон, се осврна на ова во интервју за „RMC“ и рече дека Ѓоковиќ го нема статусот што го заслужува само затоа што е Србин.
„Добро знаеме дека доколку Новак беше Американец, со 24. Грен слем титули, 39. Мастерс трофеи, шест финални турнири и рекорд по бројот на недели поминати на првото место, би имал статуа во секој град. Нема само затоа што е Србин. Тоа е многу мала земја со исклучително турбулентна понова историја“, рече Бартоли и додаде:
„Новак минатата година се најде на насловните страници поради неверојатен настан. Играчот кој освои најмногу титули беше избркан од земјата, а пред тоа беше во притвор… Нетфликс треба да сними серија за него“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мурињо во шок: „Скандал, скандал, скандал, вакво нешто не сум видел во 25-годишната кариера“
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изрази видливо незадоволство од состојбата во турскиот шампионат.
„Скандал, скандал, скандал“, грмеше Мурињо на прес-конференцијата откако актуелниот шампион Галатасарај го победи Гезтепе со 2-1.
Како што беше соопштено, многу судиски одлуки отидоа во корист на Галатасарај, што влијаеше на конечниот исход.
На домаќинот му беше досуден пенал во сомнителна ситуација, додека на другата страна тоа не беше случај кај очигледното играње со рака на Лукас Тореира.
По мечот изби познатата војна на изјави, а се вклучи и Мурињо.
„Единствено што можам да кажам е дека во мојата 25-годишна тренерска кариера, никогаш не сум видел вакво нешто. Ова е димензија која оди подалеку од сè што е разбирливо. Мислам дека ова не е ситуација во која еден клуб, борец, ќе уништи состав кој е неверојатно силен и ефикасен. Сите говореа исто: ‘Скандал, скандал, скандал’, научив нов збор“, рече па продолжи:
Скандал, скандал, но мислам дека на некои од вас ви се допаѓа. Во оваа земја го сакаат. Тоа го сакаат дури и победниците, што е најлошо, затоа што да се победи по секоја цена и на овој начин е најлошо. Немам што да кажам за посветеноста на играчите. Во смисла на доверба и чувство дека нешто е токсично? Чувствуваме, очигледно чувствуваме, но мислам дека и противниците тоа го чувствуваат“, рече Мурињо.
Фенербахче заостанува осум бода зад Галатасарај, кој по 17 одиграни натпревари се уште е непоразен.
РЕ-Наши фаци
(Видео) Македонските ракометари со распеана божиќна честитка пред патувањето во Хрватска
Македонските ракометари го честитаа големиот празник Божиќ и запеаја песна пред нивното патување во Хрватска.
Открија дека како мали му пишувале писма на Дедо Мраз, а омилена божикна песна им е „Елко, елко“, која и ја запеаја.
Утре од 20:15 часот во Вараждин, ќе се одигра пријателскиот натпревар против Хрватска.
Повеќе во ВИДЕОТО.
РЕ-Џет сет
Медведев стана татко по вторпат
Рускиот тенисер Данил Медведев изненади со новогодишна честитка за 2025 година.
Медведев ретко е виден во јавноста, не учествува на ниту еден подготвителен турнир за Австралија опен, а сега е позната причината.
Данил стана татко по вторпат.
Тој објави фотографија од болница, на која се гледаат тој, неговата ќерка Алиса и бебето.
Светскиот рекет број пет е видно отсутен и допрва треба да отпатува за Мелбурн.
Првиот Грен слем е закажан за 12-26 јануари, а Медведев минатата сезона стигна до финалето каде по голем пресврт беше поразен од Јаник Синер.