Спорт
Домагој Вида одиграл полувреме против Турција со позитивен тест на КОВИД-19
Хрватскиот дефанзивец Домагој Вида е позитивен на КОВИД-19, резултат кој бил дознат по еден час игра во пријателскиот меч со Турција во Истанбул (3:3), а ветеранто го одигра првото полувреме.
„По понеделничкото редовно тестирање пред мечот со Турција, сите фудбалери и членови на тимот беа негативни, но во средата наутро се направи тест за мечот со Шведска, и службените податоци покажуваат дека Домагој Вида е позитивен на корона вирусот. Лекарскиот тим на репрезентацијата ги доби први информации пред крајот на паузата меѓу полувремињата, а бидејќи Вида веќе беше заменет, се направи втор тест, кој беше позитивен“, објавија од Хрватскиот фудбалски сојуз.
ℹ️ Liječnička služba hrvatske nogometne reprezentacije je neposredno iza ponoći po lokalnom vremenu u Istanbulu dobila rezultate testiranja na virus SARS-CoV-2 među kojima je bio i jedan pozitivan nalaz među igračima.
— HNS (@HNS_CFF) November 11, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.
Спорт
Помошникот на Артета ќе го преземе Феенорд?
Челниците на Феенорд се свесни дека тренерот Арне Слот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Овие извири тврдат дека двете страни се блиску до конечен договор.
Ливерпул ќе треба да му плати на Феенорд десет милиони евра како обештетување, бидејќи Слот има уште две години од договорот со клубот од Ротердам.
Замената за Слот, како што пишува холандскиот весник „АД“, Феенорд ќе ја донесе од Арсенал. Според овој извор, нов тренер на Феенорд ќе биде асистентот на Микел Артета во Арсенал, Алберт Стуивенберг (54).
Стуиенберг, работел во јуниорските категории на Феенорд, потоа во Англија му беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
Тој е со Артета во Арсенал од 2019 година, а доколку биде ангажиран во Феенорд, тоа би му била прва самостојна работа.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.