Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/kamion-vlae.jpg)
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
21-годишен скопјанец ги нападнал двете сестри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-1.jpg)
Синоќа околу 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Л.(21) од Скопје.
Тој претходно физички ги нападнал неговите две сестри.
По целосно документирање на случајот, соопшти МВР, против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Таткото го пријавил момчето на својата малолетна ќерка дека извршил обљуба врз неа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/305cace7-832b-4441-877b-09f578b574c8-1.jpg)
Вчера во 09.00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од Скопје пријавил дека едно лице, со кое неговата малолетна ќерка била во врска, извршило обљуба врз неа.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на пајак-службата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pajak1.jpg)
Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, М.В.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на возило во пајак служба, бил физички нападнат од М.Ј.(48) од Скопје.
На него претходно му било подигнато возилото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.