Црна хроника
Домашен притвор за возачот што прегази девојче
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост по добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата.
Обвинителството предложи забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судија на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост.
Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно чл.300 ст.4 вв чл.297 ст.3 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
Несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт на лице место. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две семејства во Штип се тепале со разни предмети: 12 учесници добија кривична
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 12 луѓе поради насилство. Инцидентот се случил на 12 јули, кога членови на две семејства физички се пресметале, нарушувајќи го јавниот ред и мир.
Пријавените, од кои некои се обвинети за насилство во група, користеле различни предмети за време на конфликтот, што довело до тешки телесни повреди кај некои од учесниците.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” во група, и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” со последица тешка телесна повреда. На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети“, велат од МВР.
Топ
(Видео) Уапсени 13 лица за проституција и дрога во Тетовско и Охрид, едно лице е во бегство
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Извршени се претреси на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид, соопшти МВР.
При претресите пронајдени и одземени се патнички возила, поголема количина на пари и злато, ресивери, нож, гасен пиштол, 3 лаптопи, радио врски, книги за евидентирање на гости и сметководствена документација. Во угостителските објекти пронајдени се 35 девојки по потекло од Украина, Русија, Р.С. Македонија, Србија, Молдавија , Албанија и Колумбија.
Групата одреден временски период се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело. Организираната група ја создал 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во с. Жеровјане, с. Горно Седларце и во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.
Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја, како и за олеснување на процедурите за добивање на документи за легален престој за странските државјанки, а давал и насоки за криминалните активности на другите припадници на групата во однос на сместување и превоз на девојките. Петмина припадници на злосторничкото здружување биле задолжени за обезбедување и неовластена продажба на дрога, најчесто кокаин, на девојките и гостите во угостителските објекти. Едниот од нив ги помагал и олеснувал активностите за пренос на дрогата и посебно бил ангажиран за предупредување при полициските контроли и бил задолжен да го следи движењето на полицијата на патот кон клубовите за што ги информирал членовите на групата. Двајца осомничени припадници на групата учествувале во наведувањето на проституција на девојките. Тие биле задолжени за обезбедување на девојки кои ќе работат во стриптиз клубовите, ги наоѓале преку нивни контакти во странски држави, веб страници и на интернет, го организирале нивниот влез во земјава, организирале изработка на лажна документација за фиктивен престој на девојките по хотели во нашата земја со што ги заобиколувале процедурите за добивање легален престој од управните органи. За превоз на девојките од аеродром и автобуските станици до стриптиз клубовите каде престојувале и биле сместени, како и превозот при нивното движење пред и по работата во ноќните клубови бил задолжен дванаесеттиот осомничен. Дел од криминалната група биле и две службени лица – затворски службеник од Затворот во Тетово и полицаец – виш инспектор од Тетово кои користејќи ја својата позиција и контактите, ја предупредувале групата за полициски акции, а вршеле влијание и за олеснување на прекршочните постапки кон групата и кон странските државјанки. Со повеќемесечни координирани дејствија на истражителите од Истражниот центар на ОЈОГОКК и припадниците на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР активностите и задолженијата на секој член во ова злосторничко здружување се детално документирани и утврдени, информира полицијата.
Црна хроника
Маж од Скопје со пиштол удрил сограѓанин во кафеана
Вчера во 11.00 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д.(45) од Скопје.
Тој според полицијата, околу 09.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје со пиштол го удрил Т.П.(49) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодвеетн поднесок, соопшти МВР.