Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора 73-77 во првото коло на турнирот „Трофеј Македонија“, кој од среда до петок се игра во СЦ „Јане Сандански“. Турнирот го ортворија селекциите на Белгија и Босна и Херцеговина, а заврши со триумф на Белгијците од 73-67. Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора 73-77 во првото коло на турнирот „Трофеј Македонија“, кој од среда до петок се игра во СЦ „Јане Сандански“. Турнирот го ортворија селекциите на Белгија и Босна и Херцеговина, а заврши со триумф на Белгијците од 73-67. Македонските кошаркари одиграа лоша одбрана во првата четвртина во која стекнаа негатива од 15 поени, која на крајот беше и клуч за победата на Црногорците. Македонија успеа да се врати во мечот во третиот период, кога во еден момент стекна и поен предност, потоа успеа да го однесе натпреварот во неизвесна завршница, каде противникот имаше повеќе концентрација и заслужено победи. Македонија ја предводеа браќата Стојановски, Војдан постигна 19, а Дамјан 15 поени. Официјално деби со 10 поени во дресот на Македонија имаше Американецот Ромео Тревис. Најефикасен кај Црногорците беше НБА играчот Вучевиќ со 19 кошеви. крај/мф/нц Извор: макфакс
На простор од околу 200 квадратни метри, во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“, во средата официјално беше отворен „Спорт М Аутлет и МЗТ Скопје фан-шоп“....
– фото basketball.org.mk Од среда до петок (17-19.08.2017) Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде центарот на балканската репрезентативна кошарка и домаќин на меѓународниот турнир – Трофеј...
Настапот на Дрита Исљами беше последен на македонските спортисти на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Исљами настапи во трката на 400 метри со пречки и...
Со четворица од досега потпишаните странци, без тројцата македонски репрезентативци и со играчи од младинскиот погон, МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготовките за новата сезона, во...
Хрватскиот ракометен репрезентативец Иван Чупиќ договори четиргодишна соработка со македонскиот шампион Вардар. 30-годишниот играч е четврто засилување за Вардар во пресрет на новата сезона. Иван Чупиќ...
Македонскиот атлетичар Ристе Пандев во саботата заврши прв во својата група во трката на 100 метри која ја истрча за 10,72 секунди. Пандев беше пет стотинки...
Македонската фудбалска репрезентација, според најновата ранг листа на ФИФА, го дели 138 место, заедно со Доминиканската Република и Виетнам. Македонија напредуваше едно место на ранг листата,...
ФК Шкендија јавно ја известува јавноста и ФК Вардар дека во четврток нема да присуствува на вообичаениот состанок со управата на Вардар, кој се организира пред...
Македонскиот пливач Марко Блажевски, во среда, ќе го има својот настап на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Тој попладнево ќе плива во квалификациите на 200...