Контакт

Спорт

Дон Карло се враќа во Реал?

Објавено пред

Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, сакал во клубот да го врати Карло Анчелоти. Реал од пред неколку дена е без тренер, откако Зинедин Зидан си поднесе оставка.

dobivaj vesti na viber

Раул, Чаби Алонсо, Антонио Конте, Маурисио Покетино се поврзуваа со клупата на Реал, меѓутоа, како што тврдат „Марка“ и „АС“, претседателот на клубот имал свој фаворит, неговото име е Карло Анчелоти, човек кој во 2014 година ја освои Лигата на шампионите со Реал.

„Контактите се воспоставени пред четири дена кога Перез доби информација дека Италијанецот е заинтересиран да се врати на ‘Сантијаго Бернабеу’. Ситуацијата внимателно ја следат во Евертон, таму веќе ги разгледуваат опциите за тренер доколку Анчелоти се раздели со клубот. Нуно Еспирито Санто им се понудил да го наследи Анчелоти“, пишува „АС“.

Анчелоти во периодот 2013-2015 година го предводел Реал на 119 натпревари, тимот победил 89 пати, 14 пати играл нерешено и забележал 16 порази.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ѓоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – Шефот на Австралија опен ги откри медицинските наоди

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ во Мелбурн допатува со сериозна повреда, со која се здоби во полуфиналето против Данил Медведев, на турнирот во Аделаида.

Повредата му правеше проблеми во првите три кола. Повредата како да исчезна кога Ѓоковиќ во лекарскиот тим ја ангажираше докторката Маријана Ковачевиќ.

Поради тоа се ојавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна.

На страната на Ѓоковиќ застана директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа:

„Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли.

„Имаше пукнатина од три сантиметри. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да го направи ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално. Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу нешта за да ја освои 10. титула на Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Спорт

Конте заврши на операција

Објавено пред

Тотенхем на неодреден период остана без менаџерот Антонио Конте. Италијанецот претпалднево бил хоспитализиран. Клубот објави дека лекарите препорачале операција на жолчката.

dobivaj vesti na viber

Тотенхем не објави колку време Конте ќе биде на боледување.

Тотенхем моментално е петти на табелата во Премиер лигата, во следното коло за четири дена ќе го пречека Манчестер сити. Се очекува Рајан Мејсон или Кристијан Стелини да го преземат тимот додека Конте биде отсутен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Стопанскиот суд во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата

Објавено пред

Суперлигата, идеја која постоеше само 48 часа, ја доби првата рунда во битката против УЕФА и ФИФА. Желбата, на Реал, Јувентус и Барселона, како најупорни да ја спроведат идејата наскоро би можела да стане реалност.

dobivaj vesti na viber

Стопанскиот суд во Мадрид ја прифати жалбата на „А22 Спортс“, наведувајќи дека Суперлигата има легитимитет и дека клубовите кои се дел од неа не можат да бидат санкционирани од УЕФА и ФИФА, пренесува „Тутомеркато“.

Затоа, можно е да се создаде независно и алтернативно натпреварување бидејќи „ФИФА и УЕФА не можат да ги оправдаат своите негативни ставови кон натпреварувањето како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа води кон монопол што ја исклучува и инхибира иницијативата на конкуренцијата и претставува злоупотреба од субјекотот кој е во доминантна позиција“.

Пресудата на судот во Мадрид им наредува на ФИФА и УЕФА да се воздржат од преземање какви било мерки или дејствија и од издавање какви било изјави „кои директно или индиректно ја попречуваат подготовката или развојот на Суперлигата и исто така им забранува на фудбалските институции да објавуваат или да се закануваат со какви било дисциплински или казнени мерки, против клубовите, челниците и членовите на клубовите кои учествуваат во подготовките на Суперлигата“.

Инаку, официјалната веб-страница на Суперлигата се уште постои. Сè уште има список од 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико, Барселона, Интер, Манчестер Сити, Челзи, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Тотенхем), како и разработен систем на натпреварување…

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

Кремљ: Помошта од САД за Киев директен пат кон зголемена тензија и ескалација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за разговори меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џозеф...

Македонија2 часа

ВМРО-НП бара власта да докаже дали Ванчо Михајлов е соработник на фашизмот

„Во поглед на сè почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб ‘Ванчо Михајлов’ поради...

Регион3 часа

Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош....

Македонија4 часа

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграција на Македонија во ЕУ клучен сегмент за стабилноста во Балканскиот Регион

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на работната посета на Вашингтон,...

Македонија4 часа

СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ....

Свет4 часа

Заврши паниката во Австралија: Пронајдена е радиоактивната капсула од 8 милиметри по која се трагаше со денови

Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека...

Свет4 часа

Непозната жена се обидела со автомобил да влезе во седиштето на ОН

Жена се обидела денеска со автомобил да влезе во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кое е затворено поради празникот....

Свет5 часа

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски

САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари за Украина, вклучително и ракети со долг дострел, објави „Ројтерс“, повикувајќи...

Македонија14 часа

ИО на СДСМ донесе одлука да продолжат разговорите за зголемување на мнозинството со Алијанса

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска вечерва одржа прес-конференција на која кажа дека Извршниот одбор на партијата на денешната седница покрај...

Свет17 часа

Русија призна дека нелегално мобилизирала над 9.000 луѓе

Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина. „ Повеќе од 9.000 граѓани кои...

Свет18 часа

Лукашенко: Ако на нашите руски браќа им затреба помош, ние сме подготвени

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во...

Економија19 часа

(Видео) Ковачевски: Со зголеменото производство на електрична енергија до намалување на цената на струјата

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата,...

Регион20 часа

„Еуроњуз“: САД го блокираа влезот на Косово во Советот на Европа

Министерствата за надворешни работи на одредени европски земји, кои се членки на Советот на Европа, добија нота од амбасадите на...

Македонија1 ден

ИНТЕГРА алармира – се инфилтрира моќна странска служба која работи на спречување на евро-атлантската траекторија на Македонија

„Случајот со претепаниот Христијан Пендиков е само вовед во провокациите што ќе следуваат како што се доближуваат 4 февруари и...

Македонија1 ден

(Видео) Стоилковски: Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС

„Затворите се решето во кое останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и...

Економија1 ден

Ковачевски: Иако сите очекуваа зголемување на цената на струјата, сметките за малите потрошувачи се намалија

Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна премиерот Димитар Ковачевски...

Европа1 ден

Медведев со цитат од руски поет: „На Полјаците им беше наметната лажна националност“

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, како дел од проектот „Збор на класиците“...

Македонија1 ден

Реакција од затворот „Скопје“: Филип Андов раководи со институција затвор, а не со логор

„Казнено-поправната установа ‘Скопје’ реагира на изнесените лаги и невистини, како и манипулации од страна на одредени политички партии во изминатиот...

Свет1 ден

(Видео) Уште еден кит заринка на источниот брег на САД

Од минатиот месец 15 кита заринкаа на источниот брег на САД, а 7,6-метарски грбав кит заринка на бреговите на американската...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов-Сокол и одговорност од Тупанчески

„Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот...