Спорт
Дончиќ му пресуди на Бостон, нов пораз на Лејкерси

Новиот пораз на ЛА Лејкерс и спектакуларните индивидуални партии на Девин Букер (Финикс Санс) и Лука Дончиќ (Далас Маверикс) ја обележаа ноќта во НБА-лигата.
Лејкерси, без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, се просечен тим. Милвоки Бакс им одржаа лекција на Лејкерси во Лос Анџелес 112.97.
Џру Холидеј постигна 32 поена, а Јанис Адетокумбо забележа 28 поени и 10 скока. Кај Лејкерси се истакна Монтрез Херел со 19 поени. За Лејкерси дебитира Андре Драмонд, кој одигра 14 минути, па се повлече поради повреда.
Финикс Санс во неизвесна завршница ја однесе победата над Чикаго Булс 121:116. Блескаше Девин Букер со 45 поени. Кај Булс најдобра беше Никола Вучевиќ со 24 поени и 10 скока.
Далас Маверикс славеше во Бостон 113:108. Лука Дончиќ мечот го заврши со 36 поени, осум скока и пет асистенции. Тројката Џејлен Браун, Џејсон Тејтон и Кемба Вокер не успеа да го извлече Бостон од поразот. Браун постигна 25, Тејтум 24, а Вокер 22 поена.
Резултати:
Денвер-Портланд 101:124
Индијана-Мајами 87:92
Бруклин-Хјустон 120:108
Мемфис-Јута 107:111
Минесота-Њујорк 102:101
Оклахома-Торонто 113:103
Сан Антонио-Сакраменто 120:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Возбудливо реми меѓу Евертон и Тотенхем – резултат кој не одговара никому

Хери Кејн даде два гола, исто толку уфрли и Гилфи Сигурдсон, а Евертон и Тотенхем повторно одиграа возбудлив меч, од кој епилогот е 2:2 реми, кое драстично ги намалува шансите на двата клуба да направат подвиг и да влезат во топ 4, односно во Лигата на шампионите.
Кејн во 27. минута го донесе тимот на Жозе Мурињо во водство, но Евертон израмни во 31. минута од пенал преку Сигурдсон. Потоа, Евертон дојде во водство преку Сигурдсон во 62. минута, за седум минути подоцна, Кејн да израмни на 2:2.
Со поенот, Тотенхем останува на седмото место со 50 поени, Евертон е осми со 49 поени, со таа разлика што Тотенхем има 32 одиграни натпревари, а Евертон 31. Во моментов, Лестер се трети со 56, Вест хем се на четвртата позиција со 55 поени, петти се Челси со 54, а шести Ливерпул со 53. Сите овие клубови имаат по 31 натпревар, односно имаат уште седум меча до крајот на сезоната, освен Тотенхем кој треба да одигра шест.
Спорт
Билетите за Мекгрегор-Поаире III распродадени за секунди!

Иако постоеше стравување дека мечот воопшто нема да се оддржи, последниот дел од трилогијата Конор Мекгрегор-Дастин Поаире е полн погодок за УФЦ, откако шефот Дејна Вајт се пофали дека билетите за нивната пресметка на 10 јули во Лас Вегас се продале за неколку секунди.
„Бум! Се гледаме во Вегас“, напиша Вајт на Твитер со објава дека се продадени 10.800 билети за спектаклот.
УФЦ е еден од првите спортови кои се вратија по пандемијата на КОВИД-19, организирајќи мечеви на „Островот на борбите“ во Средниот Исток, но и во Лас Вегас (без гледачи). Но, сега, веќе на 24 април ќе има публика на УФЦ 261 на Флорида (околу 15.000), каде што за појасот во велтер категорија ќе се борат Камару Усман и Хорхе Масвидал.
BOOOOOOM!!!!!!!! See you in Vegas👊🏻 pic.twitter.com/PqZBljX0DF
— danawhite (@danawhite) April 16, 2021
Спорт
Двејн Вејд стана акционер во Јута, сака да има улога во тимот

Трикратниот НБА шампион, Двејн Вејд купил акции од Јута Џез, придружувајќи му се на главниот акционер Рајан Смит со планови да има активна улога во клубот и во регионот на Солт Лејк Сити.
Вејд, кој поголемиот дел од кариерата го помина во Мајами хит е последен од низата на поранешни НБА ѕвезди кои купија дел од НБА тимови, вклучувајќи ги Грент Хил (Атланта хокс), Шекил О’нил (Сакраменто кингс) и секако, Мајкл Џордан, кој е главен акционер во Шарлот хорнетс. Меџик Џонсон претходно имаше 4 отсто од Лос Анџелес лејкерс.
„Ова е над сонот кој го имав само да играм кошарка во НБА. Го видов Шек како работи во Сакраменто, Грент во Атланта и Џордан во Шарлот. Ова е еден вид на партнерство и сакам да бидам вклучен. Многу е тешко да се дојде до ваква можност и не ја сфаќам несериозно. Му благодарам на Рајан и верувам дека ќе донесам многу повеќе од моето знаење во кошарката“, изјави Вејд.
39-годишниот Вејд се сретнал со Смит на голф во Калифорнија веднаш по пензионирањето во 2019 и тие станаа блиски пријатели. Вејд вели дека научил многу од 42-годишниот Смит, кој е газда на компанијата „Квалтрикс“ со која направи богатство пред во октомври да го купи Џез за 1.66 милијарди долари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш