Спорт
Дончиќ како Џордан, Далас ги декласираше Њу Орлеанс (видео)
Лука Дончиќ израмни рекорд на Мајкл Џордан, предводејќи ги Далас маверикс до неверојатна 130:84 победа над Њу Орлеанс пеликанс, постигнувајќи 26 поени со 6 скока и 9 асистенции.
Ова е неверојатен 18 меч едноподруго во кој Словенецот има најмалку 20 поени, 5 скока и 5 асистенции со што се израмни со легендарниот Мајкл Џордан и Оскар Робертсон со ваква низа. Маверикс го добија мечот уште во третата четвртина, во која направија 40:14, по што во последната четвртина добија шанса други кошаркари, како српскиот џин Бобан Марјановиќ, кој за 23 минути игра постави личен рекорд оваа сезона од 15 поени и 16 скока.
За Пеликанс пак, ова е најтежок пораз во историјата на клубот и дури осми пораз едноподруго за да дојдат до 6-17 скор. Далас, од друга страна има 16-6 и е втор на Западот.
Хјустон рокитс пак, стигнаа до 115:109 победа над Феникс санс предводени од Расел Вестбрук, кој имаше 24 поени, 14 скока и 11 асистенции, но и од Џејмс Харден, кој додаде 34 поени, 6 скока и 4 асистенции.
Проблемите на Њујорк никс пак, како да немаат крај, откако Индијана пејсерс со 104:103 ги победи во „Медисон сквер гарден“ за деветти пораз во низа на славниот клуб кој е заглавен на последното место на Истокот. Ти Џеј Ворен имаше 25 поени, додека Домантас Сабонис додаде 19 поени и 15 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Далас – Њу Орлеанс 130:84
Њујорк – Индијана 103:104
Филаделфија – Кливленд 141:94
Хјустон – Феникс 115:109
Јута – Мемфис 126:112
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

