Спорт
Драма во последното коло – ВБА се вратија во Премиер лигата

Фудбалерите на ВБА се вратија во Премиер лигата на Англија. Иако не победија избраниците на Славен Бичиќ изборија промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал. Нерешениот резултат на ВБА против КПР (2:2) не го искористија Брендфорт и Фулам. Лидс Јунајтед првата позиција во Чемпионшип ја потврдија со убедливата победа од 4:0 над Чарлтон.
Најголемите губитници на последното 42 коло во Чемпионшип се Брентфорд и Нотингем Форест. Брентфорд загубија на домашен терен 1:2 од отпишаниот Барнсли. Со оглед на ремито на мечот ВБА-КПР фудбалерите на Брентфорд со победа ќе се искачеа на втората позиција.
Нотингем Форест од директниот ривал за шестото место, Свонси загубија 1:4. Двата тима завршија со 70 бодови, но Свонси има за еден гол подобра гол разлика. Четвртиот гол за Свонси го постигна Да Коста кој во 96 минута ја погоди сопствената мрежа.
Лидс и ВБА од наредната сезона ќе играат во Премиер лигата, а за третото место кое носи пласман во елитата ќе се борат Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси. Од Чемпионшип испаднаа Хал сити, Чарлтон и Барнсли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед веќе не е во топ 3, Барса и покрај долговите е „кралот на кешот“

Манчестер јунајтед испаднаа од топ 3 листата на најбогати фудбалски клубови на „Делоит“ по осум години, а листата иако покажува луди суми, исто така покажува дека европските најголеми клубови загубиле речиси 2 милијарди евра од пандемијата на корона вирусот, а Барселона, со долгови од над милијарда евра останува на врвот.
Барселона за сезоната 2019/20 генерирала 627.1 милијарди фунти, Реал Мадрид се втори со 627 милиони фунти, додека европскиот шампион Баерн Минхен со 556.1 милиони фунти го „собори“ Манчестер јунајтед на четвртото место со 509 милиони фунти. Во топ 10 се и Ливерпул (489.9), Манчестер сити (481.6), ПСЖ (474.1), Челси (411.9), Тотенхем (390.9) и Јувентус (349), но бројките исто така покажуваат дека топ 20 клубовите загубиле околу 975 милиони фунти во споредба со 2018/19.
Спорт
Челси го потврди Тухел, тој веќе одработи еден тренинг!

Челси го потврдија именувањето на германскиот стручњак Томас Тухел како замена за Френк Лампард оставајќи му предизвик да изгради тим со скапите засилувања, кој е само деветти во Премиер лигата и првата и главната цел ќе му биде да обезбеди фудбал во Лигата на шампионите.
47-годишниот Тухел доби отказ од Пари-Сен Жермен на католичкиот Бадник и покрај тоа што минатата сезона ја освои втората титула со овој клуб и го однесе до првото финале во Лигата на шампиони во историјата. Тој потпишува само 18-месечен договор со клубот од западен Лондон за разлика од Лампард, кој во 2019 доби тригодишен доовор.
Тухел веќе го одработи првиот тренинг со тимот и ќе биде на клупата на мечот против Вулверхемптон во Премиер лигата.
Тухел како тренер е познат по својата тактичка флексибилност и фокусирањето на искористување на грешките на противникот правејќи целосни промени на формацијата по неколкупати во текот на еден меч. Тој најчесто користи 4-3-3 формација, иако играше и со 4-2-2-2, 3-5-2 и 4-1-4-1.
Со 4-3-3 форматот сигурни во неговата игра се Жоргињо (кого го сакаше во ПСЖ) со Мејсон Маунт, Матео Ковачиќ или Н’Голо Канте на помош. Напред, Каи Хаверц би требало да игра како главен напаѓач со поддршка од Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ.
Welcome to Chelsea, Thomas Tuchel! ✍️🔵 #WelcomeTuchel
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 26, 2021
Спорт
Барди во стилот на Роналдињо!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди уште еднаш покажа дека е мајстор за слободни удари постигнувајќи го израмнувачкиот гол против Валјадолид во Копа дел реј, во меч во кој по првото полувреме е 1:2.
Фантастичниот удар на Барди новинарите од шпанската верзија на ДАЗН ја нарекуваат во стил на Роналдињо и сосема се во право. Ова е само втор меч за Барди по враќањето од повредата што го оддалечи неколку месеци од терените.
Bardhi. pic.twitter.com/ZXeyppoX9k
— Gonzalo Granero (@gonzagsm) January 26, 2021
¡Al más puro estilo Ronaldinho! 🔥😍
¡Qué golazo de falta de @enisbardhi10 para firmar el empate del @LevanteUD!#LasCopasEnDAZN 🏆 pic.twitter.com/a08qn2roQL
— DAZN España (@DAZN_ES) January 26, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот