Спорт
Драмата на „Луј Втори“ заврши со пенал-победа за Баер Леверкузен на Чаби Алонсо
Најдраматичната пресметка во Лига Европа во четврток се случи на „Луј Втори“ во Монако, каде што по неколку пресврти, поништен гол во финишот на мечот, Баер Леверкузен слави пласман по победата на пенали.
Флоријан Вирц донесе предност за „фармацевтите“ по 13 минути игра, но Монако израмни со гол од пенал на Висам Бен Једер во 19. минута. Езекиел Паласиос пак донесе водство за гостите само две минути подоцна, за Амин Адли во 58. минута да зголеми на 1:3, пред Брил Емболо да осигура продолженија во 83. минута од мечот.
Во 93. минута од мечот, Диоп сметаше дека донел израмнување за Монако и 3:3, што ќе значеше пласман, но ВАР го поништи голот бидејќи топката беше илезена од теренот пред голот на Монако. Во продолженијата, немаше вакви драми, по што пенал-серијата, само Елиот Матазо го утна пеналот за „фармацевтите“ да слават пласман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанскиот тенисер го оствари својот детски сон
Лоренцо Мусети го постигна својот најдобар резултат на Вимблдон со пласманот во четвртфиналето.
Италијанецот го победи Французинот Џовани Петши Перикар со 4:6, 6:3, 6:3, 6:2 и со тоа стана вториот Италијанец меѓу осумте најдобри во Лондон.
По мечот Италијанецот не ги криеше емоциите.
“Секогаш ми е тешко да покажам емоции. Но денеска успеав. За овој момент сонував уште од дете. Отсекогаш имав семејство кое ме поддржуваше во остварувањето на моите соништа”, изјави Мусети.
“Тешко ми е да зборувам, извинете. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Симоне Тартарини. Без него вакво нешто не би било возможно. Благодарам на моето семејство, мојата партнерка Вероника. Сите се тука”, додаде Мусети.
Тој во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Александар Зверев
Спорт
Страхиња Стојачиќ, нашата цел на ОИ е злато
Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3 на Олимписките игри во Париз ќе ја претставуваат Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михаило Васиќ и Марко Бранковиќ.
Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека за него е голема чест што ја претставува Србија и дека очекувањата се големи.
Фиба на социјалните мрежи објави дека Србија на Олимписките игри во Париз ќе ја претставува истата репрезентација која претходната година ги освои Светските и Европските првенства.
„Секако е голема чест и привилегија да се претставува Србија на ваков натпревар. Ова е најголемиот настан на кој учествуваат најдобрите спортисти и убаво е да се биде меѓу нив“, изјави Стојачиќ.
Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека репрезентацијата има најголема цел и дека ќе даде се од себе да ги исполни.
„Целта е јасна, одиме на златен медал, и ќе дадеме се од себе да ја оствариме. Прво ќе ја одработиме групната фаза според планираното , ќе се потрудиме да бидеме на првите две места и да се пласираме директно во полуфиналето.
Србија во Париз ќе игра во група со САД, Литванија, Кина, Холандија, Франција, Летонија и Полска.
Српските кошаркари освоија бронзен медал на претходните Игри во Токио во 2021 година.
Игрите во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
Спорт
Напаѓачот, секогаш сигурен во себе
Поранешниот англиски репрезентативец Бен Фостер зборуваше за пеналот на Иван Тони против Швајцарија.
Напаѓачот на Брентфорд беше сигурен при изведувањето на пенали и начинот на кој го изведе пеналот привлече внимание.
„Тој прави да изгледате како да не е тука. Додека стоите и гледате во него, тој ве гледа и оди кон топката“, рече Фостер и додаде:
И тогаш си мислиш: „Знаеш ли што правиш овде?“. Потоа тој повторно те чека додека да донесеш одлука. Мора да имате самодоверба за да го направите тоа“, а тој навистина ја има.
Во 2020 година, на натпреварот помеѓу Брентфорд и Ватфорд, Тони така и го изведе пеналот, а на голот беше Фостер