Спорт
Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза од 15 години. Ги вкрсти ракавиците со 3 години помладиот Рој Џонс Јуниор.
Боксуваа 8 рунди по 2 наместо по стандардните 3 минути. Судиите мечот го прогласија нерешен, а Мајк Тајсон веднаш побара реванш.
Еден од најголемите тешкаши на сите времиња беше лут по ваквиот епилог. Беше многу мотивиран, во секоја рунда влегуваше експлозивно, но по дваесетина секунди остануваше „без здив“.
Бруталните удари овојпат изостанаа, единствено имаше кратка размена во петтата рунда. На крајот на секоја рунда Тајсон беше разочаран и одбиваше да оди во својот агол од рингот, додека Џонс ги избегнуваше ударите.
Во последната рунда „челичниот“ даде се од себе, но не успеа Џонс да го испрати на подот.
„Ремито е очекуван и најправеден исход. Многу сум среќен што повторно бев во рингот. Иако две минути сега траат како на времето три, пак ќе се борам. Мора да го повториме мечот, сакам реванш“ – рече Тајсон по мечот.
Неговиот противник вели дека нема намера да го повтори ова искуство.
„Ударите на Тајсон и понатаму се застрашувачки“ – рече тој.
Од овој пријателски бокс меч Тајсон ќе заработи околу 10, а Џонс околу 3 милиони долари. „Челичниот“ се обврза парите да ги донира во добротворни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сејдини до Мојсовски: За ова драг Наумче Мојсовски се одговара

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, на прес-конференција, реагираше на вчерашното соопштение на Агенцијата за млади и спорт (АМС).
АМС, вчера, ја известија јавноста за продолжување на неправилностите во работата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) спротивни од Законот за спорт, утврдени со инспекцискиот надзор извршен на денешен ден пред две години.
Сејдини вели дека дека решението на второстепената комисија е конечно и против истото нема право на жалба, но дека има право на тужба против, на овој начин, донесениот управен акт.
ФФМ согласно законите поднеле тужба со која поведе Управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен во врска со нејзиното Решение.
Во продолжение е обраќањето на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
„Со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат.
За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара.
Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.
Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна.
Во известувањето од Агенцијата за млади и спорт се вели дека при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија се утврдени низа неправилности спротивно на Законот за спорт.
Наведуваат дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно и против него не е дозволена жалба.
И сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме сите ние од начинот на кој постапуваат одредени наши инситуции, во овој случај највисокото државно тело за спорт.
Вистина е дека решението на второстепената комисија е конечно и против истото нема право на жалба. Но, има право на тужба против, на овој начин, донесениот управен акт.
Фудбалската федерација на Македонија согласно законите поднесе тужба со која поведе Управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен во врска со нејзиното Решение.
И бидејќи овој „сакам кажам – не знам речам“ начин на комуникација е нивен избор, а ние „на сила“ сме принудени да се браниме од нешто што не е вистина, еве, тука пред вас и пред цела јавност ја објавувам пресудата од поднесената тужба против поништеното решение кое Агенцијата за млади и спорт најави дека ќе го спроведува.
Пресудата вели дека тужбата на тужителот Фудбалска федерација на Македонија СЕ УВАЖУВА. Решението се ПОНИШТУВА.
За ова, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт се одговара.
За ваквиот начин на постапување се известени УЕФА и ФИФА, кои го следат овој случај од моментот кога се вршеше инспекцискиот надзор. Известени се за сите одлуки и начинот на кои се носени тие одлуки.
Не дај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување може да донесе „квантен скок“ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации.
Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија.
На крајот, Ве уверувам дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме“.
Фото/ffm.mk
Спорт
Јованка Радичевиќ во идеалниот тим на деценијата

Јованка Радичевиќ, поранешна ракометарка на Вардар, се најде во идеалниот тим на деценијата, во изборот на специјализираниот ракометен портал „Handball-planet.com“.
Покрај 34-годишната Радичевиќ, која е најдобро десно крило, во тимот на деценијата се најдоа голманката Катрин Лунде, Камила Херем, Кристина Неагу, Корнелија Грот, Нора Мерк и Хајди Локе.
Радичевиќ, во кариерата пет години го носеше дресот на Вардар (2013-2018).
Во изборот учествувале реномирани тренери, ракометни легенди и новинари од целиот свет.
Тренери: Драган Аџиќ (Црна Гора), Адријан Василе (Романија), Пер Јохансон (Шведска), Хорхе Дуенас (Шпанија), Ненад Шоштариќ (Хрватска), Хеле Томсен (Данска), Тор Одвар Моен (Норвешка).
Легенди: Тања Медвед (Србија), Даниела Пиедаде (Бразил), Кристина Варзару (Романија), Рафаеле Тревел (Франција), Каролине Бреиванг (Норвешка), Ања Алтхаус (Германија), Људмила Бодниева (Русија).
Новинари: Лаура Агена (Аргентина), Иболија Шекереш (Унгарија), Зорица Радојковиќ (Србија), Хорхе Даргел (Шпанија), Стиг Нигард (Норвешка), Сергеј Приголовкин (Русија), Бјорн Пазен (Германија).
Спорт
„Ливерпул ја губи трката за титулата, му следува борба за пласман во топ-4“

Ливерпул, синоќа, по четири години и 68 натпревари, доживеа пораз на домашен терен во Премиер лигата. Барнли сензационално ги однесе бодовите од „Енфилд“ со голот на Ешли Барнс од пенал во 81. минута.
Ливерпул е во криза, тоа го покажуваат резултатите. „Црвенте“ во 2021 година немаат постигнато гол, а немаат победа на последните пет натпревари.
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, најавува фијаско доколку Јирген Клоп не смени нешто во играта.
„Не се сеќавам кога последен пат се случило толку играчи во исто време да бидат надвор од форма“, рекол во својот коментар на „Скај спортс“.
Ливерпул викендов ќе игра во ФА-купот против Манчестер јунајтед, а потоа му следува серија на тешки натпревари во Премиер лигата.
„Доколку серијата што им следува не помине добро, тогаш е сигурно дека веќе во февруари ќе отпаднат од борбата за титулата. Доколу се случи тоа, тогаш Ливерпул ќе води жестока борба за топ-4 и пласман во Лигата на шампионите“, стравува Карагер.
По дуелот со Манчестер јунајтед, Ливерпул ќе игра против Тотенхем и Вест Хем во Лондон (28 и 31 јануари), потоа на „Енфилд“ ќе ги пречека Брајтон и Манчестер сити (3 и 7 февруари), а на 13 февруари ќе гостува кај Лестер.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот