Спорт
Двајцата „најлоши“ британски боксери во ринг – меѓу себе имаат 186 порази и 9 победи

Џејми Квин и Кас Хусаин, едни од најлошите боксери во историјата на Велика Британија, конечно ќе се сретнат во рингот на крајот на месецот. Двајцата имаат комбинирано 186 порази и имаат забележано само 9 победи.
29-годишниот Џејми Квин, со прекар „Девил чајлд“, има скор од 5 победи во 99 меча, иако мора да се спомене дека бил нокаутиран само трипати. 26-годишнот Хусаин пак, само четири пати излегол како победник во рингот во 100 меча, но и тој успеал да остане на нозе во сите рунди и само двапати бил нокаутиран. Сепак, и двајцата имаат уште еден неславен скор – никогаш не успеале да нокаутираат никого.
Хусаин последен пат победил во ноември 2016 година, и вели дека е подготвен за „вистинска војна“ во четири рунди во Олдам.
„Ретко се гледаат вакви мечеви. Јас во мојот 101. меч, а Џејми во својот 100. меч, еден против друг. Сме се сретнале многупати во соблекувалните, сме патувале заедно, но следната недела убаво ќе се удираме. Ќе биде вечер која нема да се заборави“, вели Хусаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се откажале од премиите за да му помогнат на клубот

Фудбалерите на Реал Мадрид, решиле да се откажат од паричните награди, на кои имаат право, доколку го освојат домашното првенство или Лигата на шампионите.
„АБЦ“, во саботата, објаво дека станува збор за сума од 30 милиони евра. Претходно, сите играчи се согласија платите да им бидат намалени за 10 отсто, што значи дека фудбалерите на Реал ќе му заштедат 50 милиони евра.
Реал Мадрид, од почетокот на корона-кризата, пријави минус од 90 милиони евра.
Спорт
Роналдо ќе го пропушти дуелот со Аталанта

Атланата утре во дербито на колото, во Серија А, ќе го пречека Јувентус. „Страта дама“, сезонава спротивно на сите прогнози, се бори за место во Лигата на шампионите. Натпреварот во Бергамо е исклучително важен за Јувентус. Екипата на Андреа Пирло се наоѓа на третото место со 62 бода, еден повеќе од Аталанта и три од Наполи.
Пред мечот во Бергамо, Пирло е соочен со голем проблем. Поради повреда, против Аталанта нема да игра Кристијано Роналдо.
„Утре ќе биде без најважниот играч. Кристијано, поради повреда, нема да игра против Аталанта. Сметаме дека доколку игра, ризикува посериозна повреда“, рекол Пирло.
Медиумите, пишуваат дека повредата на Роналдо не е сериозна и дека тој ќе се врати во тимот за неколку дена.
Во отсуство на Роналдо, се очекува во нападот на Јувентус, покрај Алваро Мората да игра Паоло Дибала.
Покрај Роналдо, дуелот со Аталанта, ќе го пропушти и Федерико Бернардески, кој е заразен со коронавирусот.
Спорт
Проблем за Тотенхем – Кејн се повреди пред клучниот дел од сезоната

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и селекторот на Англија, Герет Саутгејт, сериозно ги загрижи повредата на Хари Кејн. Најдобриот англиски напаѓач, побара замена во финишот на натпреварот со Евертон (2:2). Кејн ги постигна двата гола за Тотенхем на „Гудисон парк“.
Тотенхем, се уште не се огласиле во врска со повредата. Медиумите во Англија шпекулираат дека се работи за повреда на зглобот.
„Загрижен сум што Кејн побара измена. Кога тој бара имена значи дека има проблем…Сите сме згрижени дека повредата може да го спречи да не игра против Саутемптон во среда и особено во недела, во финалето на ФА купот, против Манчестер сити. Ќе видиме“, рекол Мурињо.
Хари Кејн, низ кариерата, има големи проблеми со скочниот зглоб. Во сезоната 2018/2019 два пати го повреди зглобот на левата нога. Претходната сезона, еден месец не играше поради повреда на зглобот на десната нога.
Во сезоната 2016/2017, поради зглобот паузираше два и пол месеци.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш