Спорт
Двајца јуниорски грен слем шампиони и најдобриот Македонец, Ивановски ќе учествуваат на Македонија опен
Македонската тенисека федерација како дел од активностите за Челинџер 75 турнирот „Mакедонија опен“, денеска одржа и прес конференција на која присутни беа и првите луѓе на федерацијата, како и директорот на турнирот и нашиот најдобар играч Калин Ивановски.
По пауза од 23 години Скопје и терените на ТК Југ се место каде се игра тенис на нешто повисоко ниво во однос на претходно.
„Кога аплициравме за турнирот и да биде во рангот на Челинџер 75 им го презентиравме нашиот план во АТП. Тоа е овој турнир од ова ниво сега е единствениот во светот, но турнирот има посебен белег затоа што 10 најдобри младинци се тука во Скопје, како Мили Пољичак од Хрватска победник на јуниорскиот Вимблдон, потоа Мартин Ланадалусе од Шпанија победник на Ју-ес опен, Кампана Ли од Кореја, секако и нашиот Калин Ивановски. Овој турнир ќе ги собира најдобрите младиници и ќе се одржува во овој период и следните години, особено што оваа недела се играат квалификациите за Ролан Гарос“, истакна претседателот на Македонската тениска федерација Александар Ивановски.
На турнирот ќе настапат играачи кои се со ранг на околу 200. место на АТП листата.
„Тенисерот што ќе победи на овој турнир ќе освои 75 поени и ќе има можност да направи голем скок на АТП листата, затоа очекуваме квалитетни мечеви и голема борба“, потенцираше потпретседателот на МТФ Горан Рафајловски
Турнирот веќе го одработува вториот ден, на кои покрај финалните мечеви од квалификациите почнаа и мечеви од првата рунда на „главниот турнир“.
„По 23 години повторно имаме голем тениски настан. Но, за разлика од претходно сега имаме турнир со поголем награден фонд 73.000 евра. Засега критиките се позитивни, очекуваме така да биде и до сабота кога ќе треба да се играат финалните мечеви“, изјави директорот на турнирот, Горан Шевченко.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе биде дел од турнирот и во првото коло ќе игра утре против Дино Призмиќ од Хрватска.
„Добро сум подготвен и очекувам добар меч утре. Со Дино се познаваме добро и мислам дека ќе биде убав меч за гледање“, , напомена Калин Ивановски.
Турнирот ќе трае до сабота кога се играат финалните мечеви во двете конкуренции.
Извор/mtftennis.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Финалето на ЛШ во 2026 ќе се игра во Будимпешта
За точно 10 дена на „Вембли“ ќе се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, следната година домаќин ќе биде стадионот на Баерн во Минхен, а Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин одлучи најважниот натпревар во клупскииот фудбал, во 2026 година да се одржи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Пред една година на стадионот во главниот град на Унгарија се одигра финалето на Лига Европа во кое Севилја на пенали ја победи Рома.
Одлука за финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2026/2027, беше одложено за септември, до кога Фудбалскиот сојуз на Италија мора да достави документација за реновирањето на „Сан Сиро“ во Милано.
Интересно е што „Бешикташ парк“ во Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2026 година и на финалето на Конференциската лига во 2027 година.
Финалето на Лига Европа во 2027 година ќе се игра во Франкфурт, а финалето на Конференциската лига во 2026 година во Лајпциг.
Спорт
„Мекларен и Ферари можат да се борат за титулата со Ред Бул“
Шефот на Скудерија Ферари, Фреди Васер, верува дека неговиот тим и Мекларен можат да се вклучат со Ред Бул во трката за титулата оваа сезона во Формула 1.
По седум трки, Макс Верстапен е прв со 161 бод, 48 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер. Вториот возач на ред Бул, Серхио Перез е трет во поредокот со 107 бодови, додека Ландо Норис е четврти со 101 бод.
На последната трка во Имола, Норис заврши втор со само две дестинки зад Ферстапен, а претходно во Мајами славеше Британецот. И болидите на Ферари веќе не се толку инфериорни во однос на Ред Бул.
„Возевме само седум од 24 трки. Има уште 17 и се е апсолутно можно. Лани во ова време имавме 100 поени помалку од Астон Мартин, а на крајот имавме сто повеќе од нив. Мислам дека и Мекларен и Ферари се блиску до Ред Бул и верувам дека ова првенство може да биде многу интересно. Едно повлекување, незавршена трка менува сè“, истакна Васер.
Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со Големата награда на Монако.
Спорт
Модриќ го продолжил договорот со Реал
Како што објави „Марка“, Модриќ се согласил на значително намалување на платата, но сепак сметал дека Реал е најдобрата можна дестинација за него.
„Лука го прифати намалувањето затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал, сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони“, пишува „Марка“.
Реал цела деценија го носеше редот за врска Касемиро – Крос – Модриќ. Од наредната сезона во клубот ќе остане само Модриќ.
Касемиро пред две години замина во Манчестер јунајтед, Крос вчера објави дека ќе се пензионира по Европското првенство.
Модриќ ќе има можност да го собори рекордот на Ференц Пушкаш и да стане најстариот играч кој одиграл натпревар во дресот на Реал.
Рекордот е 39 години еден месец, а бидејќи Модриќ на 9 септември ќе наполни 39 години, јасно е дека е блиску до поставување на уште еден рекорд во белиот дрес.