Спорт
Еден куп голови во Бундеслигата, Херта се „распука“
Во пет меча од првото коло на Бундеслигата кои почнаа во 15.30 часот, се постигнаа дури 21 гол, откако гостите забележаа дури пет победи, а ако се смета и вчерашниот меч на Баерн Минхен, односно победата од 8:0 над Шалке, досега во некомплетното прво коло од германската елита има дури 29 голови.
Херта беше најимпресивна откако „старата дама“ од Берлин стигна до 4:1 победа на гостувањето кај Вердер, а Аугзбург исто така со 3:1 на гости победи кај Унион Берлин.
Штутгарт, без нашиот Дарко Чурлинов во тимот, губеше со 0:3 од Фрајбург, и се врати за 2:3, а ист резултат беше и помеѓу Келн и Хофенхајм, каде што Андреј Крамариќ им донесе на Хофенхајм победа во 93. минута од мечот.
БУНДЕСЛИГА, 1.КОЛО
Ајнтрахт Франкфурт – Арминија Билефелд 1:1
Келн – Хофенхајм 2:3
Штутгарт – Фрајбург 2:3
Унион Берлин – Аугзбург 1:3
Вердер Бремен – Херта Берлин 1:4
ВЕРДЕР – ХЕРТА
ШТУТГАРТ – ФРАЈБУРГ
КЕЛН – ХОФЕНХАЈМ
УНИОН БЕРЛИН – АУГЗБУРГ
АЈНТРАХТ – АРМИНИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

