Спорт
ЕХФ „пушти срце“ – Вардар (и сите други) ќе играат осминафинале на ЛШ

Вардар и дефинитивно ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампиони и покрај тоа што се наоѓа на последното место во својата група поради огромниот број на одложени натпревари поради КОВИД-19, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го смени системот на натпреварување.
Во декември Извршниот комитет на ЕХФ донесе одлука да се направи „проценка“ кои мечеви можат да бидат одиграни и презакажани, но сега тоа е сменето на тој начин што сите 16 клубови кои се натпреваруваат во машката Лига на шампиони ќе играат во нокаут фазата, односно ќе се игра на систем првиот против осмиот од другата група и така натаму.
„Даваме целосен плејоф со 16 клуба во Лигата на шампионите, по што потоа ќе ги има вообичаените четврт-финалиња. ЕХФ е сигурна дека со ваков распоред, лигашките натпреварувања ќе имаат шанса да ги искористат термините, а во исто време клубовите да ги постават најдобрите тимови во натпреварувањето“, вели претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.
Инаку Вардар е на последното место во својата група, а на првото во спротивната е Барселона, тим кој имаше 10 победи во 10 меча од натпреварувањето, додека Вардар досега одигра само шест.
Фото: РК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА и официјално ја обвини Звезда за расизам и непочитување на мерките

УЕФА и официјално покрена дисциплинска постапка против српскиот шампион Црвена звезда за мечот со Милан, на кој покрај навредите на национална база кон Златан Ибрахимовиќ, очигледно не се почитувале и мерките за заштита од КОВИД-19.
До Ибрахимовиќ, кој не играше на мечот кој заврши 2:2, но беше на клупата, од новинарската ложа од лице за кое српските медиуми тврдат дека не е новинар му беа довикувани погрдни зборови поради неговото бошњачко потекло. Звезда подоцна со соопштение му се извини лично на Ибрахимовиќ.
Спорт
Барнли му откина поени на Лестер, Астон вила шокирана во Шефилд

Лестер имаа среќа што на голот го имаа расположениот Каспер Шмахјел за да извлечат 1:1 реми со Барнли, додека „фенерџијата“ Шефилд јунајтед со 1:0 ја совлада Астон вила, тим кој има огромни проблеми со повреди.
Матеј Видра ги донесе Барнли во водство по само четири минути игра на „Турф мур“, пред Келечи Ихеаначо да израмни во 34. минута од мечот. „Лисиците“ имаа повеќе од играта, но најдобрите шанси ги имаа домаќините, за на крајот да остане 1:1. Лестер се израмнија со бројот на поени со второпласираниот Манчестер јунајтед, но сега имаат натпревар повеќе, додека Барнли се 15. со 29 поени, шест над зоната за испаѓање.
Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот тим во Премиер лигата, ја забележа само четвртата победа оваа сезона, откако со голот на Дејвид Мекголдрик, по што издржаа цело второ полувреме со играч помалку. Со победата, Шефилд имаат 14 поени, односно се 12 поени од безбедната зона.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 29.КОЛО
Барнли – Лестер 1:1
Шефилд јунајтед – Астон вила 1:0
Спорт
Џејмс Бонд и Том Брејди го претставија новиот Астон Мартин кој ќе го вози Фетел

Астон Мартин, поранешниот тим на Рејсинг поинт (а претходно Форс Индија), го објави болидот со кој четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел ќе се обиде да го „крене“ уште повисоко заедно со синот на газдата Ленс Строл во 2021 година.
Ова е прв болид кој го носи името на славниот британски производител по шест децении, односно наследник на ДБР5 болидот, кој го носеше името на тогашниот сопственик Дејвид Браун. Новиот болид има кодно име АМР21 (Астон Мартин Рејсинг 2021).
Посебни гости на презентацијата беа Џејмс Бонд (односно актерот Даниел Крег) и НФЛ легендата, Том Брејди, кој неодамна по шести пат го освои Супер болот.
It wouldn’t be an @AstonMartinF1 launch without James Bond… right? 😉 #AMR21 #IAMF1 pic.twitter.com/QwDfXSKIsg
— Aston Martin Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) March 3, 2021
Thank you for joining us on this incredible journey. We’re just getting started… #AMR21 #IAMF1
Discover more ➡️ https://t.co/z3o7E5exWM pic.twitter.com/KD359otEZh
— Aston Martin Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) March 3, 2021
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер