Спорт
Ексфудбалерот на Ливерпул, Агер, демантира дека е уапсен во Москва
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер, мораше да демантира дека бил уапсен во Москва на протести против претседателот Владимир Путин, како што јавија некои од руските медиуми.
Руските извори тврдеа дека Агер бил уапсен во саботата во Москва на протест за поддршка на Алексеј Навални, лидерот на опозицијата, кој беше затворен по враќањето во Русија, а дури се појавија и документи со името „Д М Агер“, кој се појавил пред судот во Москва.
Сепак, бизарната приказна стана уште побизарна кога рускиот портал „База“ потврди дека се работи за Дмитриј Кендрел, човек што го сменил своето име во чест на данскиот репрезентативец во 2009.
„Има некоја конфузија. Никогаш не сум кажал дека има само еден Даниел Агер, а сега тоа се потврди. Даниел Агер во Москва не сум јас. Јас сум добро и сум во Шпанија“, напиша Агер на „Твитер“.
“There is a bit of confusion out there. I have never said: “ There is only one Daniel Agger.” And now we know for sure. The Daniel Agger mentioned in an incident in Moscow is not me.” I’m safe and sound in Spain ☀️??
— Daniel Agger (@DanielAgger) January 25, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

