Спорт
Ексклузивниот „Клуб 5 на Светските првенства“

Лионел Меси и Кристијано Роналдо по петти пат во кариерата ќе играат на светско првенство. Мундијалот во Катар најверојатно ќе биде последен за нив. Аргентинецот и Португалецот не се единствените на кои ова ќе им биде петти Мундијал. Покрај нив тука се Мексиканците Андрес Гвардадо и Гиљермо Очоа.
Гуардадо (36) дебитираше на Мудијалите во 2006 година во Германија. Четири години подоцна играше во Јужна Африка, потоа во 2014 година во Бразил, додека во Русија во 2018 година беше капитен. Мексиканците секој пат беа елиминирани во осминафиналето.
За репрезентацијата на Мексико има одиграно 180 натпревари. Мексико е во групата Ц на Светското првенство со Аргентина, Полска и Саудиска Арабија.
Неговиот соиграч, голманот Гиљермо Очоа, петти пат е на светските првенства, со таа разлика што воопшто не настапи на првите две учества. Голот на Мексико, Очоа го бранел на 131 натпревар.
Покрај горенаведените, пет пати на Мундијалите учествувале Мексиканците Антонио Карбахал и Рафа Маркез, Италијанецот Џанлуиџи Буфон и Германецот Лотар Матаус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пресврт за победа на „милионерите“ во Лил и пласман во четвртфиналето

Борусија Дортмунд преку Лил се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Минатогодишните финалисти, во реваншот во Лил победија со 2:1. Првиот меч заврши без победник 1:1. Борусија во четвртфиналето ќе игра против Барселона.
Реваншот започна со голот на Џонатан Дејвид, во петтата минута, по грешката на голманот Грегор Кобел.
Откако се опоравија од шокот, израниците на Нико Ковач возвратија и создадоа неколку изворедни шанси, но во првиот дел не успеаја да го совладаат брилијантниот Лукас Шевалие.
Прв се обиде Џулијан Рајерсон, потоа Паскал Грос. Шевалие ја закачи топката, која Рибеиро ја исфрли од гол линијата.
Шевалие набрзо мораше да интервенира уште еднаш по ударот на Рајерсон, а во 20. минута Дортмунд остана вчудовиден кога не успеа да израмни најпрвин ударот на Јулијан Брант, а потоа и на Серу Гираси. Неколку минути подоцна Брант повторно шутираше, но Бенџамин Андре успеа да реагира на гол-линијата.
„Милионерите“ силно го отворија второто полувреме, притискаа и тоа вроди со плод во 52. минута, кога судијата Сандро Шерер покажа на белата точка по невнимателниот стар на Мение, кој го собори Граси. Пеналот го реализираше Емре Џан во 54. минута.
Потоа гредата ја погоди Карим Адејеми, а потоа и Максимилијан Баер не успеа да го совлада шевалие.
Баер во 65. минута постигна убав гол. Убаво се намести, а потоа ја закова топката под гредата.
Спорт
Аморим: Тешко ни е, но имаме план

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад, се осврна на различни теми, вклучително и она што го очекува неговиот тим следната сезона.
Единствена шанса Манчестер јунајтед следната сезона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа. Се разбира, само ако успее да ја освои. За да останат во игра мора да победат во реваншот на „Олд Трафорд“ против Реал Сосиедад, по ремито 1:1 во Сан Себастијан.
„Ја имаме Лига Европа и преку неа можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, рече Аморим, посочувајќи дека постои план и ако тимот не успее да стигне до елитното натпреварување.
„Имаме план. Знам, тешко ни е. Но, најважно е да имаме план и да знаеме кои играчи треба да ги доведеме“.
Спорт
Ван Дајк: Не знам каде ќе играм следната сезона

Ливерпул, синоќа ја заврши сезната во Лигата на шампионите. „Црвените“ на пенали беа елиминирани во осминафиналето од ПСЖ.
По елиминацијата од Лигата на шампионите, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дали ќе остане во клубот и по истекот на договорот ова лето.
„Честитки за ПСЖ, тие се најдобриот тим против кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат кај тренерот Луис Енрике. Тој изгради многу добар тим“, изјави Холанѓанецот пред да зборува за својот статус во клубот. „Не знам што ќе се случи со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже во лице. Дали мојот договор е на листата на чекање? Не. Јас секогаш го велам истото. Кога ќе има некакви вести ќе ве известам“.
Со Ливерпул Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата во сезоната 2019/20, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој е во клубот од 2018 година и забележа 310 настапи и постигна 26 голови.
Неговиот договор со Ливерпул важи до 30. јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ, тој беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос. Некои навивачи претпоставуваа дека зборувале за потенцијалниот потпис на Ван Дијк за клубот од Париз.