Спорт
(Видео) Експресна реакција на Судиската организација на Англија – Ливерпул е оштетен во дербито
Судиската организација на Англија (ПГМОЛ) излезе со соопштение по вечерашниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул.
Многу работи беа спорни на дуелот кој му припадна на Тотенхем со автоголот на Жоел Матип во 96. минута. Најмногу полемики предизвика поништениот гол на Луис Дијаз од првото полувреме.
Од секој агол на камерата беше очигледно дека Дијаз не е во офсајд, но судиите во ВАР собата не се потрудија да ги исцртаат линиите и да ја анализираат ситуацијата која во тој момент требаше да му донесе предност на Ливерпул, со играч помалку.
Реакцијата на судиската организација беше очекувана и пристигна околу еден час по крајот на натпреварот.
„ПГМОЛ проценува значајна човечка грешка што се случи за време на првото полувреме од натпреварот Тотенхем против Ливерпул. Голот на Луис Дијаз беше поништен поради офсајд од судијата на теренот. Беше јасно и очигледно дека има грешка и дека голот требаше да биде признне по интервенцијата од ВАР собата, но ВАР-от не се огласи. ПГМОЛ ќе го анализира сите околности што довеле до грешката. Веднаш ќе контактираме со Ливерпул за да ја потврдиме грешката“, се вели во соопштението.
Добро е што ПГМОЛ призна дека судиите задолжени за видео-анализата направиле кардинална грешка, но јасно е дека Ливерпул од ова признание нема да има никаква корист.
BEIN Sports add the lines in for Luis Diaz’s goal that was given offside.
Lines show Diaz was onside and the goal should have stood. pic.twitter.com/exwzKV8TBM
— CentreGoals. (@centregoals) September 30, 2023
Liverpool fans must be fuming, here is proof Diaz was ONSIDE! #VAR #TOTLIV #Liverpool #Spurs
Another abysmal display by the Premier League Officials. pic.twitter.com/LdZzB6X3FP
— The Gooner Lounge (@GoonerLounge) September 30, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неизвесна е иднината на Џо Гомез во Ливерпул
Џо Гомез не е сигурен дали ќе биде во Ливерпул следната сезона, но додава дека „сè е можно“ ова лето.
Играчот со најдолг стаж во Ливерпул се приближува кон последната година од договорот, изјави дека сè е можно ова лето.
Минатото лето, Џовани Леони, кој требаше да биде наследник на Гомез, пристигна во клубот, но Италијанецот доживеа сериозна повреда на своето деби и ќе биде на теренот дури од стартот на следната сезона.
Во јануари, Ливерпул го потпиша и Жереми Жак од Рен и тој на „Енфилд“ ќе пристигне по завршувањето на сезоната.
„Мислам дека сè е можно. Искрено, во овој момент не го знам одговорот. Ми останува само една година од договорот, мислам дека ќе се случи она што треба да се случи.
Благодарен сум за времето што го поминав тука. И секогаш ќе бидам благодарен за фактот што имав 11 години во ваков клуб, на вакво место. Сè што можам да направам е да бидам благодарен и да чекам“, рече Гомез.
Гомез дојде во Ливерпул од Чарлтон во 2015 година за 3,5 милиони фунти. Оттогаш одигра 272 натпревари за „Црвените“ и никогаш не постигна гол.
Во сезоната 2023/24, тој ги одигра сите натпревари, вкупно 51. Откако Арне Слот дојде во клубот, тој беше стартер по шест пати во двете сезони.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Луис Енрике го сака Хулијан Алварез во ПСЖ
Хулијан Алварез и неговите менаџери, летово ќе мора да донесат одлука, дали ќе остане во Атлетико или ќе го напушти Мадрид.
Неколку месеци се шпекулира дека Барселона е заинтересирана за Аргетнинецот, но од Атлетико дојде потврда дека клубот нема да засилува директни ривали, а и прашање е дали Каталонците имаат пари сда реализираат ваков трансфер.
Аргентинецот успеа да стане еден од водечките играчи во Атлетико Мадрид, ги оправда вложените пари, меѓутоа, во две сезони не успеа да освои ниту еден трофеј.
Наводно, ПСЖ сака да го види Алварез во своите редови. Луис Енрике ги цени квалитетите на Алварез и сака да го доведе како замена за Гонзало Рамос, кој сигурно ќе го напушти клубот.
Се споменува компензација од над 150.000.000 евра, што е далеку од 500.000.000 предвидени во клаузулата во договорот, но би требало да биде доволно за Атлетико да ја прифати понудата.
Атлетико секако ќе се обиде да го задржи, подготвени да го направат Алварез најплатен играч во клубот со 9.000.000 евра фиксна плата и уште 1.000.000 преку бонуси.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Легендарниот Мексиканец се подготвува за своето шесто Светско првенство
Легендарниот голман Гиљермо Очоа изјави дека се приклучил на кампот на репрезентација на Мексико, што значи дека постои сериозна шанса да настапи на шестото Светско првенство.
40-годишниот ветеран веројатно ќе биде во составот на селекторот Хавиер Агире за турнирот од 11 јуни до 19 јули, чии домаќини се три земји – САД, Канада и Мексико.
Доколку се најде на спиското на селекторот, Очоа ќе стане еден од ретките фудбалери со настап на шест Светски првенства, заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Тој настапи на Мундијалите во Германија во 2006 година, 2010 година во Јужна Африка, 2014 година во Бразил, 2018 година во Русија и 2022 година во Катар.
Очоа, инаку голман на АЕЛ Лимасол со повеќе од 150 натпревари за Мексико,, верува дека турнирот би можел да го означи крајот на неговата кариера.
Мексиканците ќе ги завршат подготовките за Светското првенство со натпревари против Гана на 22 мај, Австралија на 30 мај и Србија на 4 јуни.
Нивниот прв натпревар е на 11 јуни против Јужна Африка на стадионот „Ацтека“, што воедно ќе биде и првиот натпревар на Светското првенство.
Foto/ Depositphotos
