Спорт
Елкан: Јувентус не се на продажба

Газдата на Јувентус, Џон Елкан инсистира дека клубот не е поставен на продажба бидејќи не сака да ја напушти една од големите страсти на негвиот дедо, Џани Ањели.
Во интервју за францускиот финансиски весник „Лес ехос“, Елкан зборуваше за проблемите со кои се соочува Јувентус, откако неговиот братучед Андреа Ањели во ноември си поднесе оставка од позицијата претседател на Јувентус, а клубот неодамна беше казнет со 15 поени поради финансиски нерегуларности, со нови казни на повидок.
„Андреа останува акционер во нашата холдинг-компанија ‘Џовани Ањели БВ’, каде што е дел од бордот. Тој завршуваше одлична работа како претседател на Јувентус 10 години, пред да се повлече за подобро да може да се одбрани од обвинувањата, кои досега не беа докажани. Семејството Ањели е на чело на Јувентус 100 години и тоа е врска која помина низ многу кризи. Нема шанси за продажба. Секогаш сум ја ценел храброста на мојот дедо, и секогаш ќе ја паметам лекцијата – кога да се преземе одговорност“, вели Елкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суспендиран Конор Мекгрегор

Поранешниот шампион во мешани боречки вештини на УФЦ, Конор Мекгрегор, беше суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата. Ирецот пропуштил три допинг тестови.
Мекгрегор пропуштил три тестови за 12 месеци минатата година, на 13 јуни, 19 и 20 септември, затоа што не им дал на властите информации за неговото живеалиште, објави УФЦ. Неговата суспензија ќе заврши на 20 март 2026 година.
Телото за антидопинг на боречките спортови соопшти дека иако Мекгрегор не бил достапен, тој се опоравувал од повреда и не се подготвувал за претстојната борба.
„Мекгрегор целосно соработуваше со истрагата, ја прифати одговорноста и обезбеди детални информации за кои утврдивме дека придонеле за пропуштените тестови. Како резултат на тоа, стандардната казна од 24 месеци беше намалена за шест месеци“, се вели во соопштението.
Мекгрегор не се натпреварувал во УФЦ, откако ја скрши ногата против Дастин Поарие во јули 2021 година.
Спорт
Јунајтед ја договорил продажбата на Бруно Фернандеш за 115 милиони?!

Манчестер Јунајтед наводно се согласил да го продаде капитенот Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија наредното лето.
Како што објавија некои англиски медиуми, Ал Хилал ќе плати 115 милиони евра за Португалецот.
Ал Хилал му понудил иста сума на Јунајтед ова лето, а Португалецот потоа изјави дека е подготвен да си замине доколку клубот смета дека е време да профитира од неговиот трансфер.
Сепак, Јунајтед и Фернандеш, кои имаат договор до летото 2027 година, ја одбија понудата, а фудбалерот нагласи дека сè уште сака да игра на највисоко можно ниво на големите натпреварувања.
„Сè уште не сум ги остварил своите соништа“, изјави Португалецот пред еден месец.
Саудијците наводно ќе се обидат да го привлечат Фернандеш со нова понуда во јануари, и се подготвени да му дадат неделна нето од околу 800.000 евра.
Тоа е речиси двојно повеќе од она што го заработува на „Олд Трафорд“.
По очајниот почеток на сезоната во која Јунајтед моментално е 14-ти во Премиер лигата со само седум освоени бода од можни 18, заедно со елиминацијата од Лига купот од четвртолигашот Гримсби, Саудијците се надеваат дека Португалецот се предомислил.
Особено затоа што се чини дека е фрустриран од улогата што тренерот Рубен Аморим му ја дава на теренот.
Тој го користи на позиција што бара од него да извршува повеќе дефанзивни задачи, што очигледно не одговара на неговите офанзивни квалитети и влијание врз играта.
Сепак, Аморим, под притисок по лошиот почеток на неговата прва целосна сезона на чело на Јунајтед, не покажува дека е подготвен да ја промени тактиката и да му додели на Бруно фанзивна улога.
Оваа сезона, Фернандес постигна само два гола без ниту една асистенција во осум натпревари. Вкупно, тој постигна 100 гола со 86 асистенции во 298 настапи за Јунајтед.
Јунајтед треба да ги искористи парите од трансферот за да ги доведе млафите играчи Карлос Балеба (Брајтон, 21) и Елиот Андерсон (Нотингем Форест, 22).
Foto/ EPA
Спорт
Освои поен против Алкараз и заработи 1.000.000 австралиски долари

Аматерските тенисери ќе имаат можност да освојат награда од еден милион австралиски долари (околу 565.000 евра) на натпреварот „Million Dollar One Point Slam“ пред јануарското Отворено првенство на Австралија.
На овој уникатен турнир во Мелбурн Парк, 10 аматери ќе се соочат со 22 професионалци во нокаут систем, вклучувајќи го и светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз.
Натпреварите ќе се играат по принципот на еден поен – играчите ќе одлучат кој сервира со играта „камен, хартија, ножици“, а победникот на поенот продолжува понатаму.
Турнирот започнува на 12 јануари, а финалето ќе се одржи на 14 јануари во арената „Род Лејвер“.
Учеството е отворено за сите аматери и регистрирани играчи на Тенис Австралија, кои прво ќе играат квалификации и локални турнири низ целата земја.
Ова натпреварување доаѓа како продолжение на успехот од минатогодишното издание, кое имаше помал награден фонд и помалку познати играчи.
Организаторите најавуваат дека наскоро ќе се приклучат повеќе големи имиња и познати личности.