Спорт
Енди Мареј му се врати на тенисот по операцијата на колкот!
Шкотскиот тенисер, Енди Мареј својот последен меч го одигра на почетокот на годинава, на Австралија Опен кога во првото коло загуби од Шпанецот Роберто Баутиста Агут, по што отиде на операција на колкот.
Многумина предвидуваа дека тука е крајот на неговата кариера. Преголем оптимист дека ќе се врати на теренот не беше ниту самиот тој.
Сепак Мареј, на турнирот во Квинс, Велика Британија се пријави за настап во двојки заедно со Шпанецот Фелисијано Лопез.
Денеска тие сензацонално ги совладаа првите носители на турнирот во двојки, Хуан-Себастијан Кабалу и Роберт Фарах.
Мареј и Лопез беа многу подобри од Колумбијците па славеа со резултат 7-6 6-3 на воодушевување на публиката во Лондон.
Енди Мареј најави дека до крајот на годината ќе се обиде да одигра меч и во поединечна конкуренција.
Мареј во еден период од неговата кариера беше на врвот на тениската АТП листа, освои 45 титули, од кои 3 гренд-слема (два на Вимблдон и една на УС-опен).
Тој е и двоен олимписки победник.
ANDY!!!#QueensTennis @andy_murray pic.twitter.com/wEVDVbbfcq
— Tennis TV (@TennisTV) June 20, 2019
That winning feeling is back!
Five months off a tennis court for Andy Murray and he and Feliciano Lopez have knocked out the doubles top seeds at Queen's in his first match on his return.
Read more: https://t.co/MBEb5hiSPi pic.twitter.com/5tuvz1rO9R
— BBC Sport (@BBCSport) June 20, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.
Спорт
Саудискиот нафтен гигант стана глобален партнер на ФИФА
Саудискиот нафтен гигант Арамко ќе стане главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) до крајот на 2027 година, објави ФИФА.
Договорот, чија сума не беше објавена, му овозможува на јавното претпријатие на Саудиска Арабија да стане партнер на ФИФА „со права кои покриваат неколку настани“, вклучително и Светското првенство за мажи во 2026 година и Светското првенство за жени во 2027 година.
Саудиска Арабија, богата со нафта, но често критикувана за кршење на човековите права, веќе неколку години инвестира милијарди долари во спортот.
Инвестирањето во спортот е дел од стратегијата што ја води престолонаследникот Мохамед Бин Салман, како дел од големиот проект „Визија 2023“, чија цел е да го трансформира кралството во земја на бизнис и туризам и да ја намали неговата зависност од нафтата.
„Ова партнерство ќе и помогне на ФИФА успешно да ги испорача своите водечки натпреварувања во следните четири години и, како и сите други наши комерцијални договори, ќе ни овозможи да продолжиме да ги поддржуваме нашите 211 членки низ светот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.