Спорт
Енди Мареј сака името на Маргарет Корт да се отстрани од Австралија опен
Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј, вели дека организаторите на Австралија опен мораат да го преименуваат главниот терен на гренд-слемот кој го носи името на врвната тенисерка Маргарет Корт поради нејзините „неприфатливи“ изјави за хомосексуалните бракови.
Трикратниот гренд-слем шампион вели дека личните ставови на освојувачката на 24 гренд-слем титули во сингл, Корт, одат во спротивност со вредностите на светскиот тенис.
„Кога ќе пристигнете на Австралија опен сакате да се концентрирате на тенисот, а името на Корт пречи. Таа очигледно навреди многу луѓе во текот на годините. Мислам дека треба да се смени името на стадионот, иако не знам кој ја носи конечната одлука. Нејзините вредности не се компатибилни со тенисот“, вели Мареј.
78-годишната Корт во минатото честопати даваше контроверзни изјави околу хомосексуалните и трансродовите спортисти. Како христијански свештеник таа изјави дека тенисот е „полн со лезбијки“, додека трансродовите луѓе се „ѓаволска работа“. Минатото лето Австралиската тениска федерација имаше посебна церемонија за одбележување на 50-годишнината на нејзиниот триумф во Мелбурн, кога Џон Мекинро и Мартина Навратилова почнаа кампања за преименување на името на стадионот со името на уште една врвна тенисерка од Австралија, Ивон Гулагонг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.