Спорт
Ериксе планира да се врати следната сезона
Кристијан Ериксен продолжува со подготовките за враќање на фудбалот во 2022 година по неговиот срцев напад за време на ЕВРО 2020, но тоа најверојатно нема да биде со Интер во Италија, иако тие уште го имаат под договор.
Според „Ла газета дело спорт“, фактот што Ериксен работи на рехабилитацијата со експерти во Данска, покажува дека тој нема да се врати во Серија А, каде што не смее да игра со дефибрилаторот (ИЦД) кој му е вграден во телото.
Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд, на пример, исто така има дефибрилатор, но продолжи да игра и за холандскиот шампион и за холандската репрезентација. „Газета“ тврди дека Ериксен има одлични односи со Интер и дека негов следен тим, најверојатно, ќе биде или Ајакс или данскиот Оденсе.
Ериксен колабираше во финишот на првото полувреме од мечот Данска-Финска во јуни, по што беше вратен во живот на теренот на „Паркен“ во Копенхаген, и помина шест дена во болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Елмас стартер – Наполи не успеа да ја победи Верона
Фудбалерите на Наполи, се спасија од пораз на домашен терен против еден од најслабите тимови во Серија А, Верона. Натпреварот на „Диего Марадона“ заврши 2:2. Елиф Елмас играше од почетокот, одигра просечен натпревар до моментот кога беше заменат во 63-та минута.
Ситуацијата не беше поволна за тимот на Антонио Конте, откако во првите 30 минути бидејќи Вања Милинковиќ-Савиќ два пати беше совладан. Фрезе, а потоа и Орбан од „белата точка“ успеаја да и донесат голема предност на Верона.
Домашниот тим на полувремето успеа да се реорганизира и да намали во 54-та минута преку Скот Мектоминеј, во 72-та минута ВАР го поништи голот на Расмус Хојлунд, а десет минути подцна капитенот Џовани Џовани Ди Лоренцо спаси бод за Наполи.
Наполи сега има натпревар повеќе и бод помалку од лидерот Интер. Тие се трети бидејќи Милан има подобра гол-разлика. Верона со овој бод се искачи на 18-та позиција на табелата.
Foto/ EPA/CIRO FUSCO
Спорт
Нигеријците одбија да патуваат на натпреварот со Алжир
Репрезентативците на Нигерија, блескаат на Африкански куп на нации и, како што играа досега, се меѓу првите фаворити за титулата заедно со домаќинот Мароко.
„Супер орлите“ одлетаа во четвртфиналето со четири последователни победи, три во групата, а потоа и убедливи 4:0 на почетокот од нокаут фазата, против Мозамбик.
Сепак, кога требаше да заминат од Фез за Маракеш, Виктор Осимен, Адемола Лукман, Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Самуел Чуквезе и други изјавија дека не одат никаде додека Фудбалската асоцијација не ги исплати бонусите за победите во првиот дел од турнирот.
„Играчите и тренерскиот штаб на нигериската репрезентација сè уште чекаат на исплатата на бонусот за АКН 2025. Бонусите за победите во четирите натпревари – против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик – сè уште не се исплатени. Тимот е сè уште фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток доколку ова прашање не се реши“, објавува новинарот на порталот „Nigeria Stories“.
Научени од претходните искуства, дека на играчите никогаш не им се исплаќаат бонуси откако тимот ќе се врати од турнирот, Нигеријците поставија ултиматум – или исплата на бонусите или нема да го играат натпреварот со Алжир, на 10 јануари во 17 часот.
Дотогаш има доволно време претседателот на Федерацијата, Ибрахим Муса Гусау и неговите соработници да ги измират своите обврски кон репрезентативцие.
Спорт
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.
Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.
Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.
Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.

