Спорт
Еурофарм Пелистер: Дербито не требаше да продолжи после инцидентот

Дербито меѓу Вардар 1961 и Пелистер кое го одбележа и голем инцидент меѓу навивачките групи на двата тима, сѐ уште го окупира вниманието на јавноста. Мечот имаше прекин при резултат 6:6, по одиграни 17 минути, а продолжи дури откако полицијата успеа да обезбеди услови.
Тимот на Еурофарм Пелистер го објавија известувањето до Натпреварувачка комисија на РФМ.
„Во интерес на транспарентноста на процесот поврзан со последниот натпревар и немилите настани кои се случија на натпреварот помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер, во прилог го доставуваме одговорот на нашиот клуб кон барањето за изјаснување од наша страна на изјавата на службените лица“, велат од Пелистер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити му нуди нов договор на Дијаш

Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Дијаш (28) треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.
Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Дијаш, кој има загарантирано место во првиот тим.
Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.
Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.
Спорт
Шешко се договорил со Манчестер јунајтед

Трансфер сагата околу Бенјамин Шешко е се поблиску до разрешница. Њукасл и Манчестер јЈунајтед доставија понуди, а напаѓачот јасно кажа каде сака да ја продолжи кариерата.
Фудбалерот ги договорил финансиските удлови со Манчестер јунајтед. Сега на потег е Лајпциг. Клубот преферира да го продаде Шешко во Њукасл. Понудата на клубот од „Сен Џејмс Парк“ е за пет милиони евра повисока од понудата на Манчестер јунајтед.
Оваа пат позиција може да се реши на два начина. Или Манчестер јунајтед ќе ја зголеми својата понуда, или Лајпциг ќе го продаде напаѓачот во Њукасл.
Во моментов, првото сценарио изгледа поблиску. Бидејќи намарата на Шешко е преселба во Манчестер. Тој се согласи на соработка до 2030 година.
Foto/ „X“
Спорт
Ливерпул го договори трансферот на Нуњез во Ал Хилал

Активниот трансфер период продолжува на „Енфилд“. Играчите доаѓаат и си одат. Англискиот шампион го договори трансферот на Дарвин Нуњез во Ал Хилал.
Уругваецот пристигна како големо засилување пред три години за 87 милиони евра, си заминува како некој што не ги оправда очекувањата.
Ливерпул нема целосно да ја санира штетата, од трансферот ќе заработи 53 милиони евра. Но, со релативно лесно остварливи бонуси, вредноста на трансферот би можела да достигне дури 60 милиони евра.
Уругвајскиот напаѓач постигна 40 гола во сите натпреварувања во 143 натпревари за Ливерпул.
Foto/ „X“