Контакт

Спорт

Евро 2020: Холанѓаните со драма против Северна Ирска, Белгија со 9 „парчиња“ за Сан Марино (видео)

Објавено пред

Холандија до 80-тата минута губеше со 0:1 од Северна Ирска во важниот меч од квалификациите за Евро 2020, пред предводени од Мемфис Депај да направат луд пресврт за 3:1 победа и израмнување со Германците и Ирците на врвот на групата Ц.

Нивните соседи, Белгијците пак, немаа такви маки и со 9:0 го „прегазија“ аутсајдерот Сан Марино, додека Русија во таа група И го обезбеди првото место со 4:0 победа над Шкотска. Светските вице-шампиони, Хрватска, пак на „Пољуд“ со 3:0 ја совладаа Унгарија за да ја вратат контролата на групата Е и да направат чекор до квалификација.

На „Де кујп“ во Ротердам немаше голови до 75. минута, кога напаѓачот на англискиот второлигаш Хал сити, Џош Магенис ги замолче „портокаловите“ навивачи. Сепак, во 80. минута, Мемфис Депај израмни на 1:1, за во 91. минута, Френки де Јонг да го комплетира пресвртот, пред Депај да постигне уште еден гол во 95. минута.

ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ц

Белорусија – Естонија 0:0

Холандија – Северна Ирска 3:1

Табела: 1.Холандија 12, 2.Германија 12, 3.С.Ирска 12, 4.Белорусија 4, 5.Естонија 1

ГРУПА Е

Хрватска – Унгарија 3:0

Словачка – Велс 1:1

Табела: 1.Хрватска 13, 2.Словачка 10, 3.Унгарија 9, 4.Велс 7, 5.Азербејџан 1

ГРУПА И

Казахстан – Кипар 1:2

Белгија – Сан Марино 9:0

Русија – Шкотска 4:0

Табела: 1.Белгија 21, 2.Русија 18, 3.Кипар 10, 4.Казахстан 7, 5.Шкотска 6, 6.Сан Марино 0



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) БиХ освои бод против Канада

Објавено пред

Ко-домаќинот на СП, Канада и Босна и Херцеговина, одиграа 1:1 (0:1), во првиот натпревар, во Б групата. Канада го освои првиот мундијалски бод во историјата, бидејќи во претходните два настапи, во 1986 и 2022 година, ги забележа сите шест порази.

БиХ слави бод во Торонто, кој може да им ја отвори вратата кон нокаут фазата. Екипата на Сергеј Барбарез успеаја во намерата, да не загубата на премиерата. БиХ беа дефанзивно оријентирани, им ја препуштија топката на Канаѓаните, кои ќе жалат за пропуштените шанси.

БиХ имаше водство од 21-та минута, кога Лукиќ со глава ја спроведе топката во канадскиот гол. ДО ркајот на полувремето, Канада доминираше, но без сериозна шанса. Изведоа домаќините седум корнери во првото полувреме, што дополнително ја потврдува нивната доминација.

Во второто полувреме, два пати од гол линијата интервенираа играчитеи на БиХ, Колашинац и Катиќ. Додека меч топката за БиХ ја пропушти Демировиќ, кога не успеа да реализира ситуација „еден на еден“.

Канада изедначи во 79-та минута со голот на Ларин. Истиот играч во 96-та минута имаше чиста шанса, меѓутоа Мухаремовиќ со брилијантна интервенција спаси бод за својата репрезентација.

Во вториот меч, утре од 21 часот ќе играат Катар и Швајцарија. За шест дена, во второто коло, БиХ ќе игра против Швајцарија, а Канада против Катар.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Дубаи ја освои АБА лигата

Објавено пред

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа до титулата во АБА лигата. Oва е прв трофеј за овој клуб, додека Партизан прв пат по 2021 година заврши сезона без освоена титула.

Четвртиот меч понуди неизвесност до последната секунда. На Партизан му пресуди поранепниот играч, Алекса Аврамовиќ, со поени од линијата за слободни фрлања на 15 секунди до крајт. Во последната секунда се обиде Карлик Џонса да избори продолженија, но неговиот обид не беше прецизен.

Кабенгеле беше најефикасен во Дубаи со 14 поени и осум скока, Аврамовиќ имаше 13, додека Андерсон и Рајт постигнаа по 12 поени.

Кај Партизан, Бонга и Стерлинг Браун постигнаа по 16 поени.

Foto/ Dimitrije Vasiljević/STARSPORT

Прикажи повеќе...

Спорт

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Објавено пред

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница.

Назначувањето е направено со интервенција на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој пред неколку дена обезбеди нов мандат до 2030 година. Почесното членство е највисоката форма на поддршка за Реал Мадрид, тврди клубот.

„На овој начин, Реал Мадрид го изразува своето восхитување и признава универзална личност која претставува милијарди луѓе и промовира мир, солидарност и правда низ целиот свет“, се вели во официјалното соопштение на Реал Мадрид.

Папата Лав XIV го посети стадионот „Сантијаго Бернабеу“, пред четири дена. Во Мадрид велат дека овој ден е посебен за нив во долгата и богата историја на клубот.

Папата Лав XIV е Американец и неодамна беше откриено дека Реал Мадрид е неговиот омилен клуб.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт8 минути

(Видео) БиХ освои бод против Канада

Ко-домаќинот на СП, Канада и Босна и Херцеговина, одиграа 1:1 (0:1), во првиот натпревар, во Б групата. Канада го освои...

Спорт31 минута

Дубаи ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Дубаи славеа против Партизан во четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата со 83:81 и така стигнаа...

Свет2 часа

Американски претставник: Иран се обврзува трајно да се откаже од нуклеарно оружје

Висок претставник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во телефонски разговор со новинари откри детали за напредокот на преговорите...

Спорт2 часа

Папата стана почесен член на Реал Мадрид

Папата Лав XIV стана почесен член на Реал Мадрид, објави „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Назначувањето е направено со...

Спорт2 часа

Инфантино со ефтина шега предизвика бес во Италија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно се најде на мета на јавни критики, овој пат во Италија. На „чизмата“, неговата...

Свет2 часа

Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија развива сателитски систем за управување со борбени дронови, за време на состанок со...

Спорт2 часа

Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас...

Свет3 часа

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран....

Македонија3 часа

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува...