Спорт
„Маестро“ Елмас ја фрли Словенија на колена! (видео)

Елиф Елмас покажа зошто го сметаат за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, откако со неговите два гола, Македонија стигна до клучна 2:1 победа над Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Фудбалерот на Наполи покажа дека довербата на Карло Анчелоти не е без причина, откако прво во 50. минута постигна прекрасен гол по асистенција на уште еден „печалбар“ во Италија, капитенот Горан Пандев, лобувајќи го Јан Облак, еден од најдобрите голмани на денешницата.
Осумнаесет минути подоцна, во 68. минута, Елмас го искористи брзиот контра-напад на македонската репрезентација за да смести уште една топка во голот на Словенците, осигурувајќи ја победата. Во 95. минута, Словенците добија на „подарок“ и пенал, кој го реализираше Јосип Иличиќ за конечни 2:1.
Со трите поени, Македонија се искачува на третото место на табелата со 11 поени, колку што има и Словенија, и два поени помалку од Австрија, која со 3:1 го победи Израел и пет помалку од Полска, која лесно со 3:0 славеше во Летонија, предводени со двата гола на Роберт Левандовски, кој сега има 17 голови оваа сезона.
За момците на селекторот Игор Ангеловски сега следува супер-тешкото гостување кај лидерот Полска во недела, но со ваква игра има зошто да се надеваме дека е можно и изненадување.
ЕВРО 2020 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Г
МАКЕДОНИЈА – Словенија 2:1
Австрија – Израел 3:1
Летонија – Полска 0:3
Фото: ФФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тим: Не сакав во Белград да испаднам во првото коло

Доминик Тим, требаше да биде една од ѕвездите на АТП турнирот од серијата 250 во Белград. Сепак, Австриецот, неколку дена пред почетокот на турнирот го откажа учеството поради повреда на коленото.
„Доколку дојдев во Белград со болката која ја чувствувам во коленото, сигурно ќе испаднев во првото коло. На тој начин ќе ја продолжев лошата низа, која започна во Дубаи и Доха. Морав да го спречам тоа. Поради тоа мислам дека донесов добра одлука кога решив да останам дома“, рекол Тим.
Австриецот се надева дека од Мастерсот во Мадрид ќе влезе во вистинска форма, која ќе му биде потребна за настап на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.
Спорт
Бетис од табелата ги избриша Атлетико, Реал и Барселона

Формирањето на Суперлигата, ќе им овозможи на некои екипи да дебитираат во Лигата на шампиони на УЕФА. Некои дури се надеваат дека 12 клубови кои ја оформија Суперлигата ќе бидат исфрлени од националните шампионати.
Според табелите, наредната сезона во Лигата на шампионите од Шпанија би играле Севилја, Виљсреал, Бетис и Реал Сосиедад, репрезенти на Италија би биле Аталанта, Наполи, Рома и Лацио, а од Англија во лигата би влегле Лестер, Вест Хем, Евертон и Лидс јунајтед.
Фудбалскиот клуб Бетис (не)намерно го објави новиот поредок во Ла Лига. Јасно на табелата ги нема водечките Атлетико, Реал и Барселона.
Откако табелата ја објавија на официјалната страница на клубот, од Бетис рекле дека тоа е грешка и експресно ги вратиле на табелата клубовите кои се борат за титулата.
Real Betis have already updated their official club website to not include Real Madrid and Barcelona 😂👏 pic.twitter.com/89tJZKuA4N
— ODDSbible (@ODDSbible) April 19, 2021
Спорт
Бесмисленоста на Суперлигата ја објасни Марсело Бијелса

Менаџерот на Лидс јунајтед, Марсело Бијелса, најдобро објасни зошто Суперлигата ги крши сите принципи на фудбалската игра.
„Една од причините зошто фудбалот е најпопуларен спорт во светот е и таа што слабите можат да ги победат моќните“, рекол Бијелса.
Вчера, 12 клубови, објавија дека формираа свое натпреварување, кое го доби името Суперлига.
Основачи на Суперлигата се Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јувентус, Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул. Прв претседател на Суперлитата е првиот човек на Реал, Флорентино Перез.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?