Спорт
Ф1 ќе почне со две трки во Бахреин

Сезоната во Формула 1 би можела да почне со две трки на патеката „Сахир“ во Бахреин. Трките би се возеле на 28 март и 4 април.
Причина за евентуална промена во календарот е порастот на бројот на заразени во Португалија поради што во прашање е одржувањето на трката на патеката „Портимао“.
Оваа патека во Формула 1 дебитира минатата сезона. Според планот, во новата сезона третата трка треба да се вози во Португалија.
Поради тоа, челниците на Формула 1 дошле на идејата сезоната да почне со две трки во Бахреин. За втората трка би била користена периферната конфигурација на патеката „Сахир“, како што тоа беше случај во минатата сезона.
Доколку овој план биде спроведен, тогаш трката во Имола, предвидена за 18 април, ќе се вози седум дена подоцна, на 25 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мициќ и Ефес издоминираа над Фенербахче

Благодарение на фантастичната партија на Василије Мициќ, Ефес доминираше во истанбулското дерби стигнувајќи до 106:74 победа над Фенербахче, прекинувајќи ја нивната серија од 10 победи во низа во Евролигата.
Мициќ постигна 32 поени од своите 37 (рекорд во кариерата) во првите три четвртини, со шест тројки и без промашување од линијата за слободни удари, за импресивна победа. Сертач Санли имаше 13 поени, за Ефес да дојде до 24:9 предност по деветте поени на Мициќ и осумте на Санли, и имаше 13 поени предност по првата четвртина.
Нандо де Коло имаше 24 поени, Јан Весели додае 18, но најголем проблем на тимот на Игор Кокошков беше одбраната.
ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО
Фенербахче – Анадолу Ефес 74:106 (11:24, 28:29, 19:28, 16:25)
Басконија – Црвена звезда 87:67 (21:16, 27:11, 18:21, 21:19)
Алба Берлин – Панатинаикос
Барселона – Асвел Лион
Спорт
Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
🦾😃👍#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
Спорт
ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени

Европската ракометна федерација (ЕХФ) се обиде да го среди „хаосот“ околу неодиграните мечеви во Лигата на шампионите, правејќи сопствена одлука за тоа како би завршил секој меч и кој тим би ги добил поените.
Вардар доби еден поен од мечот кој требаше да се игра на гости кај Пари Сен-Жермен, и два поени од гостувањето која Флензбург, додека третиот неодигран меч, тој на домашен терен против ПСЖ беше доделен на францускиот тим.
Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.
Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет поени и останува уште мечот против Мешков Брест на 4 март во Скопје. Потоа, сите тимови во натпреварите по групи ќе одат во осминафинале.
The EHF has assessed and given its verdict on this season's matches that could not be played in #ehfcl and #ehfel Men. Read more:https://t.co/Bzjdsing8L
— EHF Champions League (@ehfcl) February 26, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер