Спорт
Федерер ја освои 100 титула во кариерата

Роџер Федерер, на АТП турнирот во Дубаи од серијата 500, ја освои 100 титула во кариерата. Швајцарецот во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас со 2:0 (6:4, 6:4).
Федерер, против Циципас, успеа да направи два брејка кои на крајот беа клучни за кончниот резултат. Првиот брејк Швајцарецот го направи во почетниот гем, а вториот во деветтиот гем од вториот сет.
37-годишниот Федерер стана вториот тенисер во историјата што стигнал до најмалку 100 титули во кариерата. Лидер на таа листа е легендарниот Американец Џими Конорс (109).
Федерер со победата во Дубаи му се реваншираше на Циципас за поразот во четвртото коло на Австралија опен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал надигран и претрчан од Арсенал: Како да играа со фудбалер помалку

Реал загуби од Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако во првиот меч „топчиите“ на домашен терен победија со 3:0, во реваншот на „Бернабеу“ славеа со 2:1. Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ. Втората полуфинална двојка е Барселона – Интер.
Сите шпански медиуми истакнуваат дека вкупните 5:1 не се единствениот показател колку Реал бил инфериорен во однос на Арсенал. Во преден план ја ставаат и огромна разлика во однос на претрчаните километри.
Разликата во претршаните километри во првиот меч била 11,7 километри, а во вториот 9,5 километри.
„Реал истрча 21 километар помалку од Арсенал и истрча најмалку од сите осум четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Оваа статистика не е пресудна, но огромната разлика на Реал во однос на другите е зачудувачка“, пишува „АС“ и сликовито објаснува зошто е ова важно:
„Кога трчате 14 километри помалку од противникот, тоа е како да имате играч помалку“.
„Споредбата што ја направи Џуд Белингам пред реваншот против Арсенал беше потврдена и со бројките од реваншот. Реал истрча 107,5 километри, а Арсенал 116 километри. Реал имаше 9,5 километри помалку. Ова делува како Реал да играл со двајца фудбалери помалку, односно имал играч помалку во секој натпревар“.
„АС“ продолжува: „Оваа статистика е зачудувачка, но и донекаде погрешна. Затоа што во реваншот Реал го имаше поседот против Арсенал, кој играше на контра, а тоа бара повеќе трчање. На крајот на краиштата, во другите четвртфинални натпревари, екипите што испаднаа трчаа повеќе. Така, на два натпревари Баерн собра седум километри повеќе од Интер, а Вила имаше пет километри повеќе од ПСЖ, а Борусија три од Барселона. Но, никој не истрча 21 километар помалку од противникот“.
Шпанците посочуваат зошто е тоа важно: “Кога се поставува прашање за посветеноста на некои играчи или систем во кој недостига придонес во одбраната, оваа статистика ги поддржува споменатите хипотези. Бидејќи ниту една екипа меѓу осумте најдобри во ЛШ не истрча толку малку како Реал. Кој, беше и најтешко поразен”.
Спорт
(Видео) За малку тепачка поради „паненка“ на „Бернабеу“

Дани Карвахал имаше блиска средба со Букаја Сака на полувремето од реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.
„Марка“ пишува дека искусниот дефанзивец, кој поради повреда на лигаментите, уште пред неколку месеци ја заврши сезоната, „ја презеде капитенската улога веднаш по крајот на првото полувреме за да му приговори на англискиот играч за начинот на кој го изведе пеналот“.
„Дани Карвахал беше првиот што направи чекор напред по судискиот свиреж, кој ги испрати сите 22 играчи во тунелот во соблекувалната. Капитенот на Реал Мадрид, кој остана со соиграчите со оглед на важноста на натпреварот, чекаше сите играчи да го напуштат теренот, ги поддржа соиграчите и им аплаудира на противниците додека не дојде Букајо Сака“.
Why is Carvajal fighting Saka? Madrid is the worst club in all of football.
— MessiMania (@M10Update) April 16, 2025
Се претпоставува дека Карвахал, кој не играше на овој натпревар, му пришол на Сака по првото полувреме за да му приговори за она што се обиде да го направи. Наводно не му се допаднал шутот во стилот на Паненка, односно Карвахал заклучил дека Сака покажал непочитување кон Реал.
„Првин нешто му шепна на уво, а по одговорот на англискиот играч, го фати за рака и продолжи со приговорите. Сака не сакаше да се конфронтира и се обиде да тргне кон тунелот, но Карвахал повторно тргна во напад бидејќи не му се допадна неговиот одговор.
Уште едно фаќање за раката пред да настане хаосот, во кој беа вклучени неколку членови на стручниот штаб на Арсенал и редарите, кои се обидуваа да ги разделат играчите додека Карвахал го фати Сака за вратот“, пишува „Марка“ наведувајќи дека тој го предизвикал хаосот.
Арсенал победи во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1 по победата во Лондон со 3:0, „топчиите“ во Мадрид славеа со 2:1.
Спорт
Лаутаро: Покажавме дека имаме големи м***ња“

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, по драматичното реми 2:2 со Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека „нероаѕурите“ покажале дека имаат и срце и глава за вакви натпревари.
Баварците имаа три добри шанси по 90. минута до самиот крај, но не успеаја да изборат продолженија.
„Ова беше дефинитивно епски натпревар, кој ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има огромен м***ња“, изјави Лаутаро, стрелецот на првиот гол за Интер. Овој гол беше него 150. во кариерата во дресот на Интер.
„Толку многу труд и вложивеме за да се пласираме во полуфиналето. Никогаш не се откажуваме, имаме и срце и глава“.
Ова е второ полуфинале за Интер во Лигата на шампионите во последните три сезони.