Спорт
Феенорд го освои Купот на Холандија
																								
												
												
											Фудбалерите на Феенорд го освоија трофејот во Купот на Холандија по 14-ти пат во историјата.
Тимот од Ротердам го победи НЕК од Нијмеген со резултат 1:0. Победникот на „Де Кајп“ во Ротердам го реши голот на бразилскиот напаѓач Игор Паишао во 59. минута.
Феенорд го освои трофејот во Купот за прв пат по 2018 година, со што стави крај на четиригодишната доминација на Ајакс и ПСВ, кои во меѓувреме освоија по два купа.
Со 14 трофеи, клубот од Ротердам е на второто место на вечната листа зад неприкосновениот Ајакс кој има 20, ПСВ е трет со 11 пехари.
Од 73. минута Феенорд имаше играч помалку на теренот поради исклучувањето на Јанкуба Минте, но НЕК и покрај иницијативата на теренот не успеа да израмни.
Тимот од „Де Кајп“, на четири кола пред крајот на холандскиот шампионат на втората позиција со девет бода помалку од ПСВ и веќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

