Спорт
Фелер наследник на Бирхоф на позицијата спортски директор во германската репрезентација
Германската фудбалск легенд Руди Фелер ќе биде нов спортски директор на германската репрезентација од 1 февруари, пополнувајќи го местото кое беше испразнето по оставката на Оливер Бирхоф по раната елиминација на Светското првенство во Катар.
„По повеќе години во Баер Леверкузен се враќам на позицијата каде што имав прекрасни моменти кко трнер. Новата задача со репрезентацијата ја преземам со блгодарност, страст и огромна мотивација. Прво мораме да поставиме темели на успешно домашно Европско првенство во 2024, поддржано од цела Германија. Имаме доволно квалитет за ваков потег“, вели Фелер.
62-годишниот Фелер ја почна кариерата со второлигашите Кикерс Офенбах и 1860 Минхен, пред да се приклучи на Вердер во 1982 година. Откако беше најдобар стрелец во Бундеслигата, тој во 1987 година се пресели во Рома, со кои ја освои титулата од Копа Италија во 1991 година. Следната сезона тој се пресели во Олимпик Марсеј, со кои ја освои Лигата на шампиони во 1993 гдина, за кариерата да ја заврши во Баер Леверкузен. Фелер имаше 90 настапи за германската репрезентација со 47 гола, и беше дел од тимот кој во 1990 го освои Светското првенство во Италија.
По крајот на кариерата, тој беше тренер и спортски директор на Баер, а од 2000 до 2004 година беше и германски селектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поради недолично однесување Јувентус му врачи отказ на Алегри
Масимилијано Алегри (56) повеќе не е тренер на Јувентус, соопштија од клубот. Алегри доби отказ поради недолично однесување, откако во средата го освои Купот на Италија со победата од 1-0 над Аталанта.
Тоа беше 15. Куп трофеј за „бјанконерите“ и единствен оваа сезона.
Тимот на две кола пред крајот е на четвртото место на табелата, може да падне и на петтото место, но главната причина за отказот на Алегри е неговото недолично однесување по финалниот меч во Купот.
„Масимилијано Алегри е разрешен од должноста тренер на Јувентус. Отказот беше поради однесувањето на тренерот за време и по финалето на Купот, што не е во склад со вредностите на Јувентус. Соработката која започна во 2014 година. а потоа повторно во 2021 година завршува тука, со освоениот Куп. Клубот му посакува среќа на Масимилијано Алегри во неговата понатамошна кариера“, објави Јувентус.
Сега веќе поранешниот тренер на Јувентус беше многу емотивен и негативен кон одредени новинари по споменатиот меч со Атланта.
Алегри го водеше Јуве во двамандати, од 2014 до 2019 година и од 2021 до 2024 година.
Спорт
Фјури не го ни погледна Усик пред „мечот на векот“
Тајсон Фјури (35) и Олександр Усик (37) ќе се борат во сабота навечер во меч кој долго време се нарекува боксерски меч на векот. Борбата за обединување на титулите на во тешка категорија ќе се одржи во Ријад, каде во рингот треба да влезат Фјури, шампионот според ВБЦ и Усик, шампионот според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг.
„Мечот на векот“ требаше да се случи во февруари, но беше одложена откако Фјури заработи расекотина на лицето на подготовките, поради што мораше да го одложи мечот.
Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис, кој го направи тоа со победата над Евандер Холифилд во 1999 година.
Пред борбата, борците одржаа уште една прес-конференција, по што следуваше традиционалното соочување. Иако тоа вклучува гледање очи во очи, овој пат беше поинаку.
Фјури застана на сцената со шешир на главата и се сврте кон публиката, односно странично кон Усик. Британецот потоа го симна шеширот, ги покажа мускулите, разговараше со навивачите, па дури и пееше, додека Украинецот сето тоа мирно го гледаше.
Запрашан зошто не го ни погледнал противникот, Фјури одговори:
„Тој е момче со застрашувачки изглед. Дојдов да се опуштам, чекам да влезам во рингот во сабота. Разговорите и интервјуата завршија. опуштен сум и фокусиран“.
Фјури во кариерата има биланс од 34 победи, без пораз и едно реми со Деонтеј Вајлдер. Усик победи на секоја од неговите 21 борба во професионалната кариера.
„Индипендент“, објави дека според потпишаниот договор Фјури ќе земе 70 отсто од вкупната сума од 140 милиони евра од борбата, односно нешто повеќе од 94 милиони евра. Во договорот стои дека еден милион мора да се донира на Украина, која е во војна со Русија.
Спорт
Лош крај на одличната сезона на Иско
Најдобриот играч на Бетис, Иско, ја заврши сезоната. Во текот на вчерашниот натпревар против Лас Палмас, тој здоби со фрактура на дијафизата на фибулата на левата нога. Повредата на иско ја потврди клубот.
Иско заработи повреда на гостувањето кај Лас Палмас во 36. коло од Ла Лига. Во 39. минута Шпанецот мораше да го напушти теренот. Натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1).
Повредата значи дека 32-годишниот фудбалер нема да биде во комбинација за настап на Европското првенство во Германија.
„Тешко е“, беше краток и јасен Иско во обраќањето пред новинарите веднаш по лекарскиот преглед.
❌ Isco, en muletas
El malagueño ha parecido así para realizarse las pruebas médicas tras el golpe sufrido ante Las Palmas.
📌 Tiene muy difícil jugar contra la Real Sociedad.
🎥 @samuelsonsilva pic.twitter.com/ovmNatPWzh
— Relevo (@relevo) May 17, 2024
За „зелените“ од Севилја одигра 29 натпревари (2.339 минути) во домашното првенство, при што постигна осум гола и забележа пет асистенции. Во Лига Европа настапи на сите шест натпревари во групата Ц, постигна еден гол и запиша две асистенции.
Во следното коло Бетис во недела од 19 часот го пречекува Реал Сосиедад. Ќе биде ова директна борба за шестата позиција која гарантира пласман во плеј-офот за Лига Европа. Сосиедад има бод повеќе од Бетис.