Спорт
Фенер ја прекина лузерската серија, ЦСКА лесно против Олимпијакос
Фенербахче пропушти предност од 17 поени на стартот на мечот, но сепак, успеа да стигне до 73:65 победа на гости кај Зенит Санкт Петерсбург за прекинување на лузерската серија од четири меча во Евролигата.
Јан Весели заврши со 17 поени, Данило Бартел додаде 15, но клучен човек на тимот на Игор Кокошков беше Боби Диксон, кој постигна седум од своите 11 поени во последната четвртина. За поразените, Кевин Пангос имаше 16 поени. Со победата, Фенер го подобри скорот на 5-7, додека Зенит паднаа на 6-3.
Вакви проблеми немаа ЦСКА Москва, откако актуелниот шампион во натпреварувањето лесно со 80:61 го мина Олимпијакос. Гостите поведоа со 8 поени предност во првата четвртина, но потоа на сцена стапија „Армејците“ и до полувремето направија пресврт со предност од 10 поени.
ЕВРОЛИГА, 12.КОЛО
ЦСКА Москва – Олимпијакос 80:61 (20:19, 19:10, 17:9, 24:23)
Зенит Санкт Петерсбург – Фенербахче 65:73 (14:23, 18:22, 21:8, 12:20)
Макаби Тел Авив – Црвена звезда 81:76 (23:20, 18:18, 15:17, 25:21)
Милано – Панатинаикос 77:80 (22:18, 20:12, 18:24, 17:26)
Валенсија – Алба Берлин 92:100 (21:27, 29:24, 15:32, 27:17)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

