Контакт

Спорт

Фенербахче доби три пенали за 24 минути и ги „прегази“ Газиантеп (видео)

Објавено пред

Во последниот меч од Турската Суперлига на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул се одигра неверојатен меч помеѓу Фенербахче и Газиантеп, кој домаќините го добија со 5:0 откако добија три пенали во првите 24 минути од мечот.

Првиот пенал за Фенер беше досуден уште во шестата минута кога Виктор Мозес донесе водство за домаќините, а само седум минути подоцна беше досуден уште еден пенал, но овојпат истиот фудбалер не беше прецизен.

Во 17. минута, Ведат Муриќи зголеми на 2:0, а веќе во 23. минута пристигна и третиот пенал, и овојат Емре Белозоглу беше прецизен од белата точка по играње со рака на противничкиот фудбалер. Убедливата победа беше комплетирана во финишот на второто полувреме – во 74. минута Набил Дирар заби за 4:0, а во 88. минута Ахмед Оздоган ги постави конечните 5:0.

Спорт

Крај на сезоната за Кајри Ирвинг

Објавено пред

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, ја заврши сезоната пореди повредата на рамото.

Поради разни повреди, Ирвинг пропушти 50 отсто од натпревари во првиот дел од сезоната. Тој ќе мора да го оперира повреденото рамо, што значи дека на терените ќе се врати наредната сезона.

Во консултација со генералниот менаџер и тим од специјалисти решил да замине на операција.

Ирвинг оваа сезона настапи на 20 натпревари, на кои имал просек од 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции.

Бруклин Нетс се наоѓа на седмото место во Источната конференција.

Прикажи повеќе...

Спорт

Абидал научил нешто од расправијата со Меси

Објавено пред

Лионел Меси во интервју за „Мундо депротиво“ зборувал и за проблемите во Барселона. Голема прашина крена спортскиот директор Ерик Абидал, кој јавно ги обвини играчите дека тие го смениле тренерот Ернесто Валверде.

Меси жестоко му одговори на Абидал порачувајќи му дека мора да ја понесе одговорноста за таа ситуација и да ги каже имињата на фудбалерите што билде дел од пучот или да престане лажно да ги обвинува.

„Во клубот постоеше проблем со комуникацијата. Односот помеѓу тренерот и играчите секогаш беше добра, но постоеја работи што јас како поранешен фудбалер можев да ги почувствувам. Го кажав своето мислење и потоа во клубот донесовме решение да го смениме Валверде“, рекол Абидал.

„Од целата таа ситуација научив една работа, внатрешните проблеми се решаваат во соблекувалната, а не во медиумите“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ривалдо: Не го разбирам и не го одобрувам трансферот на Брајтвајт

Објавено пред

Барселона вчера го претстави 28 годишниот Мартин Брајтвајт. Напаѓачот за кого клубот на Леганес им плати 18 милиони евра треба да биде опција плус во нападот по повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле.

Барселона ги искористи правилата во Ла Лига кои дозволуваат трансфер надвор од преодниот рок, но само на играч од Шпанија и доколку клубот докаже дека фудбалерот за кого бараат замена нема да може да игра најмалку пет месеци.

Брајтвајт во досегашниот дел од сезоната има постигнато шест гола за Леганес. Овој трансфер не го одобрува легендарниот фудбалер на Барса, Ривалдо.

„Искрено не го разбирам трансферот ниту пак го одобрувам од повеќе причини“, рекол Ривалдо и дополнил.

„Први, бидејќи трансферот е направен надвор од преодниот рок, а покрај тоа Барселона можеше да донесе некој млад играч од Ла Масија. Не гледам причина за трансфер на овој фудбалер, за кого, со должна почит сметам дека не и е потребен на Барселона“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Работниците од Кина кои влегоа во државава немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државава немаат симптоми...

Македонија1 час

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија2 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава2 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет3 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион3 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет3 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет4 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет4 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија14 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ20 часа

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ23 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 ден

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзитот доведе до пад на...

Досие