Спорт
Фенербахче казнети со 50.000 евра за извиците „Путин, Путин“

УЕФА ги казни Фенербахче со 50.000 евра и со делумно затворање на стадионот на еден меч откако навивачите на турскиот клуб го извикуваа името на рускиот претседател Владимир Путин на мечот од квалификациите за Лигата на шампионите против Динамо Киев.
УЕФА ја одреди казната о 50.000 евра и условно затворање на 5.000 седишта на „Улкер“ стадионот, поради „фрлање објекти и праќање на провокативна или навредлива порака до противничкот тим“. Затворањето на стадионот е условно во следните две сезони.
На Улкер арена ечеше „Владимир Путин“, Динамо Киев го елиминира Фенербахче
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кој ќе биде супер-шампион на Европа? Реал и Ајнтрахт на пресметка во Хелсинки

Носителот на трофејот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, вечерва (21 часот) ќе се соочи со победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт, на Олимпискиот стадион во Хелсинки, во пресметката за Суперкупот на УЕФА. „Кралевите“ го совладаа Ливерпул на „Стад де Франс“ и по 14. пат се искачија на кровот на Европа, додека „орлите“ го победија Глазгов Ренџерс на пенали и го освоија вториот европски трофеј во клупската историја.
Реал и Ајнтрахт ќе се сретнат само вторпат. Првата и единствена досегашна пресметка меѓу двата тима беше во финалето на КЕШ во 1960 година, кога „кралевите“ победија со 7:3.
За Реал Мадрид ова ќе биде осми настап во меч за Суперкупот на УЕФА. Досега има четири победи и три порази на овие натпревари. Само Милан и Барселона имаат освоено повеќе вакви трофеи – по пет.
Ајнтрахт ќе дебитира во Суперкупот.
Реал Мадрид одигра само три пријателски натпревари, а тимот на Карло Анчелоти се уште се подготвува за новата сезона. Во првиот дуел „белите“ загубија со 0:1 од големиот ривал Барселона во Лас Вегас. Реал потоа ремизираше 2:2 со Клуб Америка, а на самиот крај на јули Карим Бензема и друштвото го победија Јувентус со 2:0.
Ајнтрахт Франкфурт веќе ја започна новата сезона во Бундеслигата, но првиот меч беше катастрофален – пораз од шампионот Баерн Минхен со 1:6 на домашен терен. Сепак, германскиот тим верува дека може да покаже поинакво лице против Реал Мадрид на вечерашниот супер-дуел во Хелсинки.
Спорт
Рома ја одби понудата на Тотенхем за Заниоло

Италијанскиот калчолигаш Рома ја одби понудата на Тотенхем за офанзивниот играч за врска, Николо Заниоло. Лондончани упатија понуда да го земат играчот на позајмица со задолжителна откупна клаузула за 20 милиони фунти.
Раководството на Рома смета дека тоа е потценувачка понуда, бидејќи очекуваат најмалку 50 милиони евра за 23-годишниот италијански репрезентативец.
Разговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а Антонио Конте би сакал да го има Заниоло во тимот на Тотенхем оваа сезона.
Спорт
Андерлехт го купува Дарко Чурлинов

Белгискиот гигант Андерлехт е во завршни преговори за трансферот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов од Штутгарт. Раководството на клубот ги договори личните услови со Чурлинов и останува двата клуба да се договорат за отштетата.
Штутгарт бара 4 милиони евра отштета за Чурлинов и се чини дека Андерлехт ќе се согласи тоа да го плати.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона играше во Шалке 04 како позајмен играч, но ова лето се врати во Штутгарт.