Спорт
Саудиските газди на Њукасл се инвеститори во компанијата која го купи Челси?

Газдите на Њукасл јунајтед, Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), исто така се инвеститори во новите газди на Челси, „Клирлејк капитал“, создавајќи интересна ситуација на конфликт на интереси, тврди „Дејли мејл“.
Според нивните извори, ПИФ има вложено милијарди фунти во „Клирлејк“, кои пак купи 60 отсто од Челси за 4.25 милијарди фунти од рускиот милијардер Роман Абрамович во најскапата продажба на спортски клуб во историјата. Од Челси тврдат дека во преземањето на клубот немало вклученост на саудиските партнери и дека не постои конфликт на интерес.
„Клирлејк“ ветија 2.55 милијари фунти инвестиции во Челси по преземањето кое го предводеше газдата на Лос Анџелес доџерс, Тод Бели, заедно со неговиот бизнис-партнер Маарк Волтер и швајцарскиот бизнисмен Хансјорг Вис. Америкнската компанија ракува со 60 милијарди фунти од 300 инвеститори, вклучувајќи ги и ПИФ, кои пак го купија Њукасл за 350 милиони фунти минатата година.
REVEALED: Newcastle's Saudi owners Public Investment Fund are major investors in Chelsea's new majority shareholder | @MattHughesDM https://t.co/Z5jnwCB6Eh
— MailOnline Sport (@MailSport) August 6, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еурофарм Пелистер го претстави пикерот Васиљев: Дојдов во Битола да освојувам трофеи

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер значително ја засили пикерската позиција во тимот за следната сезона. Покрај македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, нов член е и стандардниот репрезентативец на Русија, Денис Васиљев.
„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“, вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Денис Васиљев.
Тој е освојувач на три шампионати и три национални Купа на Русија со Чеховски Медведи, а има и украинска титула со Мотор.
Спорт
Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Алваро Мората не е многу заинтересиран да се пресели во Манчестер Јунајтед ова лето, инсистирајќи дека е среќен во Атлетико Мадрид. Напаѓачот се врати во шпанскиот клуб откако ги помина последните две сезони на позајмица во Јувентус, кој не ја искористи опцијата од 30 милиони фунти за трајно ангажирање на Шпанецот.
Мората му бил понуден на Ерик тен Хаг како опција за напаѓач, но Шпанецот призна дека е среќен на „Ванда Метрополитано“.
„Навистина сакам да играм овде, да работам и да се надрградувам. Возбуден сум што сум дел од Атлетико Мадрид. Шпекулации за мојата иднина? Со тие работи се занимаваат медиумите, а јас само сакам да играм и да дацам голови. Атлетико е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум овде и сакам да продолжам“, изјави Шпанецот.
Спорт
Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?

Кристијано Роналдо да замине во Атлетико Мадрид, а неговиот сонародник Жоао Феликс од „Ванда Метрополитано“ да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова е можноста за супер-размена што ја заговара шпанскиот медиум „Марка“ и би можела да се реализира до крајот на летниот преоден рок.
Секако, за реализација ќе треба Манчестер Јунајтед да доплати одредена сума, со оглед дека ќе добие многу помлад фудбалер.
Цената на Жоао Феликс на трансфер маркетот изнесува околу 80 милиони евра.
Роналдо не сака да остане на „Олд Трафорд“ и тоа е повеќе од јасно, а се чини дека и клубот, па и менаџерот Ерик тен Хаг, се подготвени да го пуштат. Но, само доколку пристигне друг квалитетен напаѓач. Ангажманот на Жоао Феликс би бил добра опција за Манчестер Јунајтед.