Спорт
Фенербахче ќе го врати Алиоски во Ал Ахли
Фенербахче нема намера да го откупи од Ал Ахли договорот на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски. Според информациите од Турција, клубот во јануарскиот преоден рок ќе ја раскине позајмицата и ќе го врати Алиоски во Саудиска Арабија.
Тренерот Жорж Жесус им сугерирал на клупските челници да ја раскинат позајмицата на Алиоски, бидејќи сакал да го донесе Дејли Блинд од Ајакс. Минатата недела, Блинд, стана слободен играч, откако Ајакс му ја исполни желбата и го раскина договорот со него.
Алиоски, не разочара во Фенербахче, настапи на 17 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шаховскиот клуб Мулти есенс се квалификува во Втората лига: младинците ја оправдаа довербата
Под закрила и спонзорство на компанијата АЛКАЛОИД АД, оваа година е формиран уште еден шаховски клуб, ШК Мулти Есенс, првенствено за да им се даде шанса на младите шахисти да продолжат да играат шах и да се усовршуваат низ натпревари во екипна сениорска конкуренција. Многу добро е познато дека Шаховскиот клуб Алкалоид е меѓу најуспешните спортски колективи во Македонија, силно етаблиран и добро познат не само во европски рамки (како европски шампион и како вицешампион), но, генерално, и во светски рамки. Во клубот членуваат и најдобрите македонски шахисти (велемајстори и интернационални мајстори), кои се и лиценцирани тренери од ФИДЕ (Светската шаховска федерација) и кои континуирано работат со младите категории шахисти.
На квалификациитe за Втората лига екипата на ШК Мулти Есенс, под водство на велемајсторот Трајко Недев, како капитен, успешно настапи и во конуренција на 18 екипи успеа да се пласира во Втората лига. Во вкупно шест кола одиграни според швајцарскиот систем, ШК Мулти Есенс оствари три победи и две ремија и со само еден пораз, со освоени 8 бода, се пласираше на делба на третото место (според дополнителниот критериум заврши на четвртото место). Покрај првите три тима (екипите на победникот ШК Нов Напредок од Штип, второпласираната ШК Кочани и третопласираната екипа на ЖШК Прилеп), ШК Мулти Есенс ќе настапи во Втората лига, која, во согласност со календарот на натпревари, треба да се игра на почетокот на јули.
Екипата на ШК Мулти Есенс ја сочинуваат:
1. Теодор Јовановски (во 2023 го подели првото место на Државното јуниорско првенство до 18 години)
2. Матео Ефтовски (двократен јуниорски првак до 18 години во 2020 и во 2021 година)
3. Стојан Велкоски (четвртопласиран на Европското аматерско првенство 2022 за ело < 2000)
4. Христијан Цакончев
5. Кирил Николовски (државен шампион во 2023 г. за јуниори до 14 години)
6. Андреј Иванов (државен шампион во 2022 г. за јуниори до 12 години)
7. Дино Табаковски (второпласиран на Европското аматерско првенство 2022 г. за ело < 1800)
8. Стефан Мелник (многу талентиран и посветен шеснаесетгодишен јуниор, кој се натпреварува и во конкуренција на шахисти со оштетен вид, а во јуни ќе учествува на Европското првенство на ИБЦА – International Braille Chess Association – за возрасни).
Новата надградена развојна стратегија ќе овозможи ШК Мулти Есенс да биде одличен полигон на кој младите талентирани шахисти ќе можат да настапат против многу поискусните шахисти и на спортски начин да се докажуваат и да напредуваат, за во иднина да станат дел од сениорскиот тим на ШК Алкалоид!
ПР текст
Спорт
Мајката на Мбапе на прашањето каде ќе оди нејзиниот син: Мислам дека знаете
Килијан Мбапе се прости од Пари Сен Жермен, а на 30 јуни и официјално ќе стане слободен играч.
Светските медиуми веќе подолго време пишуваат за неговиот трансфер Реал Мадрид, а се очекува наскоро тоа да биде и официјализирано.
На прашањето за иднината на нејзиниот син, мајката на Килијан, водно и негов менаџер, Фаиза Ламари даде индиректен одговор.
„Мислам дека веќе го знаете тоа“, рече таа, што беше протолкувано како сигурен знак дека оди во „кралскиот клуб“.
Мбапе одигра 307 натпревари за ПСЖ. Постигна 256 гола и имаше 108 асистенции. Со Франција беше светски првак во Русија во 2018 година.
Спорт
„Макс e шапион само благодарение на болидот на Ред Бул“
Макс Верстапен е трикратен последователен шампион во Формула 1 и е на добар пат да ја освои четвртата врзана круна во најбрзиот циркус.
Сепак, Зек Браун, првиот човек на Мекларен смета дека Холанѓанецот е местото каде што е единствено, благодарение на моќниот болид на Ред Бул.
„Мислам дека сега имаме шест или седум возачи кои би биле шампиони со Ред Бул. Иако возачките квалитети на Макс се неспорни, тој не би бил светски шампион во ниту еден друг болид, освен со Ред Бул“, истакна Браун.
Шампионатот во Формула 1 продолжува оваа недела со Големата награда на Монако во Монте Карло.