Спорт
Ферари го прекинаа развојот на болидот за 2021
Скудерија Ферари, култниот тим во Формула 1, не бележи добри резултати оваа сезона, но и покрај тоа тимот реши да ги прекина сита активности кои се однесувата на развојот на болидот за тековната сезона.
Ферари, решиле целосно да се посветат на развојот на болидот за наредната сезона, кога ќе има многу нови правила.
Во досегашниот тек од сезоната Шарл Леклер и Карлос Саинц јуниор освоија 122 поени, во конкуренција на конструктори се наоѓаат на четвртото место.
Пред нив се Ред Бул, Мерцедес и Мекларен.
Запрашан дали Ферари треба да одговри на брзината на останатите тимови, шефот на тимот Матија Биното рекол.
„Не мислам дека треба да го правиме тоа. Мекалрен остави подобар впечаток во Австрија, тоа е вистината, но се може да се смени на некоја друга патека. Мислам дека резултатот на нашата борба во првенството не зависи само од развојот на автомобилот, туку во многу нешта зависи и од конфигурациите на патеките. Поради тоа сметам дека имаме шанси да добиеме некоја наша борба. Во секој случај третото место кај конструкторите или некаква борба со Мекларен не е наш приоритет“, рекол Биното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Крвнички старт на Ридигер, евро-гол на Сатријано, два црвени картони и пораз на Реал од Хетафе
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Ова е прва победа на Хетафе на „Бернабеу“ по 18 години, односно од победата од 1:0 на 24 февруари 2008 година.
Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата.
Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот.
Реал го контролираше натпреварот од самиот почеток, но Хетафе прв се закани. По центаршутот на Мауро Арамбари, левиот бек Диего Рико го гаѓаше подалечниот агол во 10-та минута, но Трент Александар-Арнолд и голманот Тибо Куртоа, успеаја да спреќат водство на аутсајдерот. .
Домашниот тим имаше фантастична можност три минути подоцна, кога топката ја загуби стоперот Себастијан Босели како последен играч во одбраната на Хетафе.
Винисиус излезе сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, но капитенот на гостите го одбрани неговиот удар.
Страстите зовреа по крвничкиот старт на Антонио Ридигер, врз Рико.
Германецот прво го фаулираше поранешниот фудбалер на Борнмут во нападот во 25-та минута, а потоа во следната акција го удри Шпанецот со колено во главата, додека Рико веќе лежеше на земја. Хетафе доби прекршок, но главниот судија не покажа картон, додека Рико врескаше од болки.
Шпанците веднаш ја нализираа целата ситуација и согласни се дека Ридигер морал да добие црвен картон.
— Has vini done 10x today? (@10xVini) March 2, 2026
Во 39-та минута се случи клучниот момент кога Сатријано фати полуволеј за водство на Хетафе.
Во второто полувреме, Реал целосно го „задуши“ противникот со својата игра, но не успеа да постигне ниту еден гол и да избегне пораз.
Четири одлични шанси имаше Реал, но играчот на натпреварот голманот Давид Сорија не дозволи да биде совладан.
Тензијата беше на високо ниво во текот на целиот натпревар, а на крајот, напаѓачот на Реал, Франко Мастантуоно, доби директен црвен картон откако нешто му дофрли на судијата.
Тоа се случи во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме, а само две минути подоцна, играчот на Хетафе, Адриан Лисо, доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
На поразот на Реал најмногу се израдуваа во Барселона, Каталонците по 36 рунди имаат четири поени повеќе од најголемиот ривал и речиси отворен пат кон шампионската титула.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.

