Спорт
Ферстапен најбрз на квалификациите во Бахреин, зад него пилотите на Мерцедес

Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои пол позиијата на денешните квалификации што се возеа на патеката во Бахреин. Ферстапен го извозе најбрзиот круг со време 1:28.997.
„Имавме сјајна недела во тестирање, нема гаранции, но болидот функционира како што треба, уживање е да се вози. Ветерот се менува, моравме да се прилагодиме, но успеавме. Среќен сум поради пол позицијата. Болидот е сјаен и на кратки и на долги патеки“ рече Ферстапен.
Зад него на утрешната трка ќе стартува актуелниот шампион Луис Хамилтон кој беше побавен за 0,388 секунди.
„Му честитам на Макс, одлично завршена работа. Го дадов максимумот, момците во фабриката завршиле одлична работа, близу сме до Ред Бул, тоа е успех“ рече Хамилтон по квалификациите.
Трето време имаше уште еден член на тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, додека од вториот ред, до него, утре ќе стартува Шарл Леклер со Ферари.
Ф1 трката во Бахреин започнува утре од 17 часот по средноевропско време.
🏁 TOP TEN: END OF Q3 🏁
1 VER 📸
2 HAM
3 BOT
4 LEC
5 GAS
6 RIC
7 NOR
8 SAI
9 ALO
10 STR#BahrainGP 🇧🇭 #F1 pic.twitter.com/gwinrytgFv— Formula 1 (@F1) March 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ одбиле 300 милиони евра од Реал за Нејмар

Вагнер Рибеиро, поранешниот менаџер на Нејмар, тврди дека Реал Мадрид подготвиле 300 милиони евра за негов трансфер во 2019 година, но дека од Пари Сен-Жермен им било јасно кажано дека таков трансфер е невозможен и за милијарда евра.
ПСЖ го срушија рекордот за трансфери во 2017 кога платија 222 милиони евра за откупната клаузула на Нејмар со Барселона, но од тој момент постојано се шпекулира за негово враќање во Шпанија. Сепак, 29-годишниот Нејмар остана во Париз и според последните вести е подготвен за нов договор со францускиот клуб.
„Тогаш тој беше блиску до Реал Мадрид, кои беа подготвени да платат 300 милиони евра. Тоа ми го кажа Флорентино Перез, но Насер Ал-Хелаифи го одби тоа. Ми кажа: ‘Ниту за милијарда, нема да оди никаде’. Ниту еден клуб не може да му го понуди тоа што го има во ПСЖ. Само тие можат да си го приуштат. Мадрид имаат финансиски проблеми . Барса? Уште полошо. Во Италија или Јунајтед или Сити? Не верувам. Во Париз живее убав живот и игра за силен тим. Оваа година ќе го освои трофејот од Лигата на шампионите и ‘Златната топка’“, вели Рибеиро за „Л’Екип“.
Спорт
Рој Кин: Мислам дека сега Кејн го сака Манчестер јунајтед

Поранешниот капитен Рој Кин смета дека Хери Кејн навистина го „сака“ Манчестер јунајтед и не би бил изненаден ако се случи трансфер од Тотенхем ова лето.
Шпекулациите околу иднината на англискиот фудбалер се зголемија последните месеци, и се очекува искусниот напаѓач барем да размислува за смена на клубови за да освои трофеи. Се тврди дека Тотенхем нема да можат да го заддржат доколку не влезат во Лигата на шампионите, а шансата за вакво нешто е минимална по 3:1 поразот од Јунајтед во неделата. Рој Кин смета дека е потребна промена.
„Мислам дека Кејн денеска ќе го погледне овој тим на Јунајтед и ќе сфати дека направиле прогрес во последните 12 месеци. Сигурно си мисли: ‘Би бил прв човек во нападот на Манчестер јунајтед’. Со таква улога, сигурен сум дека го сака Јунајтед. Кога би бил во тимот на Јунајтед, титулите би биле достижни. Јунајтед ја намалија разликата до Сити, но со Кејн во тимот би направиле голем чекор. Мислам дека Манчестер јунајтед уште можат да привлечат големи имиња“, вели Кин.
Спорт
70 отсто Јапонци не сакаат ОИ да се одржат

Повеќе од 70 отсто Јапонци сакаат Олимписките и Параолимписките игри во Токио да бида одложени или откажани, покажува истражувањето на агенцијата Кјодо Њуз.
Истражувањето покажало дека 39,2 отсто од анкетираните сакаат Игрите да бидат откажани, а 32,8 отсто сметале дека ОИ повторно треба да се одложат. Само 24,5 отсто од испитаниците сакале најголемиот спортски соби да се одржи според планот.
Дури 92,6 отсто, од учесниците во анкетата, стравувале дека одржувањето на Олимписките и Параолимписките игри може да предизвика нов бран на пандемија со коронавирусот.
До свеченото отворање на Олимписките игри останаа уште 100 дена. ОИ во Токио, кои лани беа одложени, ќе се одржат од 23.јули до 8.август.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш