Спорт
Ферстапен најбрз на песочната бура во Бахреин, многу проблеми за шампионот Мерцедес

Асот на Ред бул, Макс Ферстапен, го заврши првиот ден на Формула 1-тестирањето во Бахреин на првото место, а шампионот Мерцедес имаше лош почеток на сезоната 2021. Во последниот попладневен час Ферстапен постави време од 1:30.674 на средни гуми за да остане на првото место со најголем број извозени кругови (139).
Како што се очекуваше, четиричасовната попладневна сесија беше попречена од песочната бура, која ја намали видливоста, но и надолната сила на болидите на валканата патека.
Проблемите на Мерцедес од претпладнето се повторија. Првин Валтери Ботас во утринската сесија имаше проблеми со менувачот и извозе само шест круга, а светскиот шампион Луис Хамилтон исто така имаше проблеми – првин побара менување на педалите по само седум круга, второто излегување на патеката беше попречено со откачен ретровизор за на крајот да заостане дури 2.238 секунди за Ферстапен, како вкупно 10-ти во текот на целиот ден.
Мекларен имаше одличен прв ден откако Лендо Норис го подобри утринското време на Даниел Рикардо за да биде втор најбрз со две десетинки од секундата послабо време, а трет беше Естебан Окон во Алпине (поранешно Рено) со четврт секунда заостанување, но и со 129 круга.
Антонио Џовинаци исто така импресионира за Алфа Ромео откако имаше топ-5 време во поголемиот дел од сесијата за да заврши како шести.
FINAL CLASSIFICATION
More than 1️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ laps on the board on day one ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/GB3dG6kd0S
— Formula 1 (@F1) March 12, 2021
A big lock-up for Hamilton as the session comes to a close ?#F1 #F1Testing pic.twitter.com/a5pK9kNlOo
— Formula 1 (@F1) March 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.