Спорт
Ферстапен најбрз во Монако, Саинс заврши во ѕид

Макс Ферстапен во Ред бул рејсинг го постави најдоброто време на вториот тренинг пред Монако ГП трката, која заврши предвреме откако Карлос Саинс Јуниор во Ферари ја закачи бариерата на излезот од „базенот“ на славната улична патека, иако поголемиот дел од сесијата се бореше за прво место.
На крајот Ферстапен заврши со предност од само 0.065 секунди пред вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, Саинс заврши на третото место пред Фернандо Алонсо во Астон Мартин, додека Луис Хамилтон во целосно преуредениот Мерцедес беше само на шестото место. Мерцедес донесоа нова предна суспензија, крила и под во најголемата промена оваа сезона кај било кој тим. Лендо Норис во Мекларен беше импресивен со петто место пред Хамилтон во болид кој не импресионираше оваа сезона.
Серхио Перез, колегата на Ферстапен и „мајстор“ за уличните трки беше на седмото место.
🚩 RED FLAG 🚩
Sainz hits the barriers exiting the swimming pool section#MonacoGP #F1 pic.twitter.com/wCe1bBAA28
— Formula 1 (@F1) May 26, 2023
FP2 CLASSIFICATION
Verstappen heads the two Ferraris, Alonso fourth 👀#MonacoGP #F1 pic.twitter.com/e8pp9EYeRa
— Formula 1 (@F1) May 26, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мухова спаси меч-топка, па ја доби „војната“ со Сабаленка за прво гренд слем финале

Чехинката Каролина Мухова се пласираше во своето прво гренд слем финале, откако во луда битка од 3 часа и 17 минути, ја изненади втората носителка и шампионка од Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка со 7:6(5)/6:7(5)/7:5. Во големото финале на Ролан Гарос, таа ќе се судри или со актуелната шампионка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек или со бразилското изненадување, Беатриз Хадад Маја.
Во неверојатно израмнет меч, со многу пресврти, но и многу неизнудени грешки, Сабаленка беше на чекор од победата, кога поведе со 5:2 во третиот сет, и дури дојде до меч-топка. Но, Мухова успеа да се спаси, да направи два брејка, и да се пласира во финалето, нејзин најголем успех на гренд слем турнирите.
26-годишната Мухова во моментов е на 43. место на ВТА листата и во својата кариера има само една титула, Кореја опен во 2019 година, по што повеќе пати паузираше од тенисот поарди низа повреди.
Спорт
Пелистер го задржува Кисум и следната сезона

РК Еурофарм Пелистер потврди дека данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжил договорот на уште една сезона, продолжувајќи го престојот во шампионска Битола.
30-годишниот Кисум пристигна во Пелистер на почетокот на годината и беше еден од клучните играчи за Пелистер во борбата за титулата, и сега ќе биде дел од тимот кој ќе игра во Лигата на шампиони.
Фото: СЕХА лига
Спорт
Милевски задоволен од првите подготовки за мечевите со Украина и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација вели дека е задоволен од прелиминарните подготовки за двата меча од квалификациите за ЕУРО 2024 против Украина (на 16 јуни во Скопје) и Англија (на 19 јуни во Манчестер), и покрај тоа што тренинзите беа направени во нецелосен состав.
Дени Илиев, Езѓан Алиоски, Јован Манев, Енис Барди, Аријан Адеми и Илија Несторовски поради обврски во клубовите не беа во можност да се стават на располагање за подготовките од 2 до 8 јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека Елиф Елмас денеска одработи тренинг со своите репрезентативни колеги.
„Повеќето од фудбалерите се собраа, очекуваме и останатите да ни се придружат во следните три дена, на 12. јуни треба да бидеме комплетни на тренинг откако ќе пристигнат Алиоски, Адеми и Илиев. Исклучително сум задоволен од оваа фаза на подготовки. Фудалерите, иако уморни од сезоната во клубовите, покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам.
Се обидовме да постигнеме одреден баланс со однос на физичката исцрпеност и енергијата која ќе ни треба за следната фаза подготовки и натпреварите кои не очекуваат. Акцентот сега го ставивме на физичката подготвеност, а веќе од 10. јуни се насочуваме на техничко-тактичка анализа и тоа ќе биде фокусот на тренинзите.
Украинците ќе ги предводи нов селектор, кој ќе го промени системот на игра, но ние веќе навикнавме на промени кои во најмала рака ни ја отежнуваат работата во однос на подготовка на натпреварите. Таков беше случајот и пред мечот со Малта.
Но, за нас е најважно да бидеме силни на тренинзите кои ни следуваат и целосно да се вложиме и тактички и физички. Иако е крај од сезоната, сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два силни натпревари“, вели Милевски.
Фото: ФФМ