Спорт
Ферстапен обвинет за сексизам

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, поради неуспешна шега во едно интервју, стана мета на остри критики на социјалните мрежи. Вљубениците во авто-мото спортот бараат Холанѓанецот да биде санкциониран.
Ферстапен е обвинет за сексизам и омраза кон жените, поради неуспешна шега во интервју со фановите.
На прашањето кое е најдоброто купување во неговиот живот, тој се насмејал и кратко одговорил: „Мојата девојка“.
Холанѓанецот е во врска со Кели Пике, ќерката на прославениот Ф1 ас, Нелсон Пике. Бразилката претходно беше во брак со рускиот возач, Данил Квјат.
Excelente piloto, mas fora do carro é um idiota. O que não surpreende, porque o pai sempre foi https://t.co/RQOP6RPIdt
— Fábio Seixas (@fabio_seixas) October 16, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.
Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.
Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.
Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.
Спорт
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4.
Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад.
Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол.
Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја.
Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025