Спорт
Ферстапен остана лидер во Бахреин, совршена најава за првиот тркачки викенд
Макс Ферстапен го задржа Ред бул на првото место и по вториот тренинг во Бахреин победувајќи ги Лендо Норис во Мекларен и светскиот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес за најава за интересен прв тркачки викенд во Формула 1 во 2021.
Втората сесија беше единствена што се одвива во слично време и временски услови како квалификациите и трката и најдоброто време на Ферстапен од 1:30.847 беше за 0,547 секунди побрзо од времето што го постави како најдобро во првата сесија.
Ветеранот Кими Раиконен беше првиот Ф1-возач што излета во новата сезона удирајќи во ѕидот на третата кривина на патеката оштетувајќи го болидот.
Норис заостана само 0,095 секунди зад Ферстапен, а Хамилтон, очигледно надминувајќи ги толку зборуваните проблеми со болидот на Мерцедес, заостана 0,235 секунди. Карлос Саинс Јуниор им даде надеж на фановите на Ферари со четвртото најдобро време пред Валтери Ботас (Мерцедес), Даниел Рикардо (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа Таури), Ленс Строл (Астон Мартин), Пјер Гасли (Алфа Таури) и Серхио Перез (Ред бул) во топ-10.
Шарл Леклер беше12-ти со 0,765 секунди послабо време во второто Ферари, Себастијан Фетел во првиот ден како официјален возач на Астон Мартин беше 14-ти пред својот стар ривал Фернандо Алонсо, кој камбекот со Алпине го одбележи со 15-тото место.
FINAL CLASSIFICATION
Plenty of laps under the floodlights on Friday evening, with Max and Lando leading the way ?#BahrainGP ?? #F1 pic.twitter.com/Zozj4MeMwO
— Formula 1 (@F1) March 26, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

