Спорт
ФИБА листа: Кошаркарите рангирани на 30. место во Европа

Сениорската машка кошаркарска репрезентација на Македонија е рангирана на 53. место на светската рејтинг листа на ФИБА. На најновото издание објавено по завршувањето на февруарските настапи од квалификациите за Светското првенство 2023 година на кои Македонија забележа два пораза, нашиот национален тим бележи пад од една позиција.
Кога се однесува до ранкингот во Европа, репрезентацијата на Македонија ја зазема 30. позиција со 201.5 освоени поени.
Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија забележа пад од осум места и сега се наоѓа на 80. место во светот, односно 36. место во Европа со 76.8 освоени поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Евертон со луд камбек до победа над Палас и обезбедување на опстанок!

Евертон сигурно нема да биде второлигаш следната сезона. Навивачите на славниот ливерпулски клуб можат да здивнат по вечерната драма, во која тимот на Френк Лампард се врати од 0:2 негатива по 36 минути игра, за да стигне до драматична 3:2 победа над Кристал палас, со што се одвоија од Барнли и Лидс, двата клуба кои во последното коло ќе се обидат да избегнат преселба во понизок ранг.
Мечот на „Гудисон“ не почна најдобро за Евертон – Жан-Филип Матета во 21. минута ги донесе гостите во водство, за ветеранот Џордан Ају во 36. минута да зголеми на 0:2. Но, „карамелите“ не се предадоа – Мајкл Кин во 54. минута намали на 1:2, Ришарлисон во 75. минута израмни на 2:2, пред Доминик Калверт-Луин во 85. минута да го постигне победничкиот гол, предизвикувајќи кратка инвазија на теренот на навивачите на Евертон.
ПРЕМИЕРЛИГА
Евертон – Кристал палас 3:2
Астон вила – Барнли
Челси – Лестер
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
Спорт
Титулата од ЛШ останува сон за ПСЖ по колапсот против Кил!

Сонот на Пари Сен-Жермен за прва титула од Лигата на шампионите ќе остане само сон барем уште една сезона, откако тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес доживеа „колапс“ на гостувањето кај Кил и загуби со 33:32.
Кил требаше да го запечати местото на Ф4 во Келн уште во првиот меч, кога ПСЖ спасуваше реми (30:30) во последните минути од мечот, но имаа одлично отварање на мечот, поведувајќи од првата минута, за да отидат на одмор со два гола предност (17:19), користејќи ја слабата форма на Никлас Ландин, кој имаше само една одбрана по 24 минути игра.
Меѓутоа, во второто полувреме, Кил направија камбек предводени од Домагој Дувњак и Магнус Ландин Јакобсен да стигнат до 26:23 водство. ПСЖ успеа да ја врати рамнотежата
Ландин Јакобсен заврши со 7 гола за бундеслигашот, по шест имаа Харалд Реинкинд и Патрик Винцек, додека за ПСЖ, Недим Ремили имаше 8, а Камил Сипжак заврши со 7.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кил – Пари Сен-Жермен 33:32 (17:19), прв меч 30:30
Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33
Вчера играа:
Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36
Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28
Спорт
Вележ од Мостар го освои првиот трофеј од 1986 година!

Вележ го совлада Сараево по изведувањето на пенали за да го освои Купот на Босна и Херцеговина, прв трофеј за славниот клуб од Мостар од далечната 1986 година.
По регуларните 90 минути, резултатот беше 0:0, по што Вележ беше подобар во пенал-рулетот на стадионот „Билино Поље“ во Зеница.
Ова е прв трофеј за Вележ од 1986 година, кога го освоија вториот Куп на Југославија со 3:1 победа над Динамо Загреб.