Спорт
ФИФА ги одреди барабаните во пресрет на ждрепката за клупскиот мундијал
Ждрепката за првото Светско клупско првенство во новиот формат ќе се одржи во четврток.
Светското клупско првенство од 2025 година ќе се игра во нов формат, ќе учествуваат 32 клуба, кои во пресрет на ждрепката се поделени во четири шешири.
Во првиот шешир се: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн, Пари Сен Жермен, Фламенго, Палмеирас, Ривер Плата и Флуминенсе.
Во вториот шешир се: Челзи, Борусија Дортмунд, Интер, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург.
Во третиот се: Ал Хилал, Улсан, Ал Ахли, Видал, Монтереј, Леон, Бока Јуниорс и Ботафого.
Противниците од четвртиот шешир ќе ги чекаат: Урава Редс, Ал Аин, Есперанца Тунис, Мамелоди Сандаунс, Пачука, Сиетл Саундерс, Оукленд Сити и Интер Мајами.
Првиот турнир во новиот формат, кој предизвика за сериозни конфликти меѓу ФИФПро, играчите, националните лиги и ФИФА, ќе се игра во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
🚨 Pots for the 2025 Club World Cup draw are set!
🔹 Pot 1 (8 clubs):
🏴 Manchester City
🇪🇸 Real Madrid
🇩🇪 Bayern Munich
🇫🇷 PSG
🇧🇷 Flamengo
🇧🇷 Palmeiras
🇦🇷 River Plate
🇧🇷 Fluminense🔹 Pot 2 (8 clubs):
🏴 Chelsea
🇩🇪 Borussia Dortmund
🇮🇹 Inter
🇵🇹 Porto
🇪🇸 Atlético Madrid
🇵🇹… pic.twitter.com/pMUORv1REf— Football Rankings (@FootRankings) December 2, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Оствари го навивачкиот сон – Mozzart те носи на првенството од твоите соништа
Отсекогаш сонуваше да ја гледаш Македонија на едно Светско Првенство – сега е време тоа да го оствариш!
Од 3 до 26 декември играј во Mozzart и освој пакет аранжман за двајца за Светското првенство во ракомет за мажи 2025 година во Хрватска.
Без разлика дали тикетот е добитен или не, потребно е да погодиш најголем број на натпревари со минимална квота од 1.20 по пар и можеш да добиеш една од 100-те награди:
15 х пакет аранжмани за 2 лица за Светското првенство во ракомет за мажи 2025 година во Хрватска
35 х 100 дена бесплатно обложување х 100 MKD
50 х 100 дена бесплатно обложување х 50 MKD Искористи ја опцијата на MOZZART и креирај брз тикет, лесно и едноставно во само неколку чекори. Одбери натпревари и типови по своја желба, внеси го посакуваниот износ, кликни на опцијата БРЗ ТИКЕТ и запиши ја шифрата на тикетот. Добиената шифра покажи ја на уплатно место и одиграј го твојот тикет, кој може да те однесе на Светското првенство во ракомет! Деталите за наградната игра „Оствари го навивачкиот сон“ можеш да ги прочиташ ТУКА.
Спорт
Владимир Кличко му се враќа на боксот?
Саудискиот боксерски промотер Турки Алалших откри дека би сакал Владимир Кличко да се врати во рингот. Познатиот украински боксер, еден од најдобрите на сите времиња, има 48 години, а евентуално враќање во рингот би се случило во борбата за појасот на шампионот во тешка категорија против Тајсон Фјури. За такво нешто треба да се поклопат неколку работи.
Владимир Кличко, братот на Виталиј Кличко, исто така поранешен шампион, а денес градоначалник на Киев во воено окупирана Украина, прво треба да се согласи да се бори за да почне да се реализира планот на промоторот. Дополнително, би било неопходно Британецот да го победи Олександар Усик во реваншот на 21 декември.
„Сонувам да ја видам оваа борба. Ако прифати, би сакал да го видам Владимир Кличко да има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија на сите времиња. Се разбира, тој нема да биде во рингот против Усик ако Усик победи бидејќи тие се и двајцата херои од Украина и нема да се борат меѓу себе“, рече Алалших.
Најстариот шампион во тешка категорија е Џорџ Форман, кој го нокаутира Мајкл Мурер во 10. рунда во ноември 1994 година во борба за титулата. Форман тогаш имаше 45 години. Кличко во март следната година ќе го прослави својот 49 роденден.
Виталиј и Владимир Кличко беа шампиони на сите најважни промоции во „Кличко ерата“ од 2004 до 2015 година. До 2015 година, Владимир имаше учинок од 64 победи и три порази, а потоа на крајот на таа година му ги предаде појасите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на Тајсон Фјури по едногласна одлука на судиите во корист на Британецот.
Тој се врати во рингот две години подоцна во мечот против Ентони Џошуа. Загуби во 11. рунда од борбата за појасите во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ИБО.
Спорт
Емирот од Катар го продава ПСЖ
Извори блиски до круговите на моќта во Доха тврдат дека Хамад Ал Тани, катарскиот емир и сопственик на Пари Сен Жермен, е отворен за продажба на францускиот клуб во случај на добра понуда.
Како што пренесува „Лекип“, тоа секако не значи дека Катар планира целосно да се повлече од ПСЖ. Сепак, тие се подготвени да ја продадат мнозинската сопственост доколку некој е подготвен добро да плати за тоа.
Најголемата грижа на акционерите е остриот пад на интересот за фудбалот по Светското првенство во Катар 2022. Затоа инвестициската групација КСИ повеќе не ги гледа парижаните како приоритет, дури и покрај тоа што тие се откажаа од купувањето на Манчестер јунајтед
Угледниот француски весник понатаму истакнува дека Катарците стекнале одредено чувство на одвоеност од проектот ПСЖ, а како главна причина се наведува заситеноста од претходната ера на преплатени ѕвезди што не резултирала со посакуваната доминација во европскиот фудбал.
Бидејќи КСИ продолжува да ги апсорбира загубите, императив е да се намалат трошоците и да се направи организацијата финансиски постабилна. Голем чекор кон ова може да биде продажбата на 12,5% од акциите во клубот во износ од 500 милиони евра на американскиот инвестициски фонд Арктос Партнерс.
Фондацијата КСИ е мнозински сопственик на тимот од Париз од 2011 година. Нивниот период во клубот беше одбележан со сувереното владеење на овој тим во домашните натпреварувања (10 шампионски титули и 7 куп трофеи), заедно со настапот во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2019/20.