Спорт
Фирмино ги „урна“ Тотенхем – Ливерпул е лидер во Англија
Роберто Фирмино со гол во 90-тата минута донесе 2:1 победа на Ливерпул во дербито против Тотенхем за искачување на првото место во Премиер лигата за актуелните шампиони, во меч во кој Тотенхем немаа ниту 30 отсто од поседот на топката, но за малку ќе си заминеа со поен.
Мохамед Салах во 26. минута со малку среќа успеа да го совлада Иго Љорис откако „црвените“ притиснаа од почеток, но Спарси бргу вратија во 33. минута преку Сон Хеунг-Мин со нивниот единствен удар на голот во првото полувреме. Второто полувреме почна со мала иницијатива на Тотенхем, кои беа подобри во првите десетина минути, но потоа повторно помина во знакот на Ливерпул, додека Тотенхем беа задоволни да седат длабоко во својата половина и да чекаат шанса за контра, која не дојде.
Притисокот на Ливерпул на крај се оствари кога по корнерот на Хендерсон, Фирмино го натскока Алдервајрелд и донесе победа за тимот на Јирген Клоп. Ливерпул сега се први на табелата со 28 поени, три повеќе од Тотенхем и четири пред Саутемптон на третото место.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 13.КОЛО
Ливерпул – Тотенхем 2:1
Фулам – Брајтон 0:0
Вест хем – Кристал палас 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

