Спорт
Флешинг Медоуз не се откажува, стартот закажан на 31 август
Последниот календарски гренд слем од сезоната, САД опен ќе се одржи според планираното со почеток на 31 август по формалното одобрување на владата, објавува „Њујорк тајмс“.
Статусот на големиот турнир во Њујорк беше неизвесен бидејќи градот е едно од жариштата на коронаирусот и голем број врвни тенисери изразија сомнеж за своето присуство. Според „Тајмс“, турнирот ќе се одржи од 31 август до 13 септември, без фанови.
Плановите за рестарт на гренд слем тенисот беа пречекани со резервација меѓу врвните тенисери, предводени од светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Според протоколот за безбедност, тенисерите ќе бидат ограничени во својот хотел надвор од Менхетн и ќе може да носат само еден придружник на терените. Квалификациите во сингл ќе бидат целосно елиминирани, а турнирот во двојки ќе биде намален од 64 пара на само 24.
Актуелниот шампион, Рафаел Надал, овој месец изјави дека нема да игра во Њујорк доколку турнирот се одржува сега барајќи да биде безбедно за сите натпреварувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

