Спорт
Франција, Турција и Англија на чекор до Евро 2020
Вечерва со натпреварите во групите А и Б и дербито во Х-групата ќе бидат отворени последните две квалификациски рунди за пласман на Евро 2020.
Вечерва, Англија во А-групата треба да го потврди пласманот на Евро 2020. Англичаните се апсолутни фаворити против Црна Гора, репрезентација која сè уште нема победа во квалификациите.
Многу поинтересно се очекува да биде во Чешка, каде што ќе гостува Косово. Двете селекции се борат за второто место во групата, Чесите имаат бод повеќе.
Група А:
Англија-Црна Гора
Чешка-Косово
Табела: Англија 15, Чешка 12, Косово 11, Црна Гора 3, Бугарија 3
Украина од Б-групата веќе избори пласман на Европското првенство. Вечерва во оваа група фаворитите ќе ги пречекаат аутсајдерите. Португалија има 11 бода, еден повеќе од Србија, и вечерва ќе игра против Литванија. Србите, од друга страна, ќе го пречекаат Луксембург
Група Б:
Србија-Луксембург
Португалија-Литванија
Табела: Украина 19, Португалија 11, Србија 10, Луксембург 4, Литванија 1
Сите дилеми за патниците на Европското првенство вечерва може да бидат решени во Х-групата. Во најдобра позиција се Франција и Турција. Французите ќе играат пртив Молдавија и за очекување е да ја завршат работата.
Турците ќе имаат потешка задача против Исланд на домашен терен иако и со евентуален пораз Трурците ќе бидат во подобра позиција бидејќи имаат четири бода повеќе од Исланд, а во последното коло ќе играат со Андора.
Група Х:
Турција-Исланд
Франција-Молдавија
Албанија-Андора
Табела: Турција 19, Франција 19, Исланд 15, Албанија 12, Андора 3, Молдавија 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

